Сектор
Следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално-финансиско работење

Секторот за финансиски прашања во Министерството за животна средина и просторно планирање ги извршува работните задачи и обврски од делокругот на:
- Следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално – финансиското работење;
- Подготвување,извршување и известување за извршувањето на буџетот за субјектот, подготовка на стратешкиот план на буџетот, измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на субјектот, контрола на подготовката и извршувањето на буџетот, спроведува ex-ante и ex-post финансиска контрола
- Изготвувањето на финансиски план за извршувањето на буџетот(месечен, квартален и годишен) за субјектот, органите во состав и единките корисници на субјектот, следењето на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на субјектот, сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвување на годишна сметка.
- Изготвува план за воспоставување на финансиското управување и контрола како и методологија за спроведување на планот;
- Подготовка на Годишен финансиски извештај во делот на внатрешната контрола, подготовка, примање ликвидирање и контрола на сметководствената документација, пресметувањето и исплатата на платите на вработените во субјектот, примена на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки
- Управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на субјектот утврдени со буџетот
- Изготвување на годишен план за јавните набавки и негова реализација
Работните задачи и обврски Секторот за финансиски прашања ги извршува преку четири оделенија: Оделение за буџетска координација, Оделение за буџетска контрола, Оделение за сметководство и плаќања и Оделение за јавни набавки.
Марјан Крстевски

Раководител на сектор
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30
СФП - Одделение за буџетска координација


Одделение
Буџетска координација
Одделението за буџетска координација го координира процесот за подготвување и изменување и доплонување на буџетот и стратешкиот план на министерството
СФП - Одделение за буџетска контрола


Одделение
Буџетска контрола
Oдделението за буџетска контрола врши контрола на извршување на буџетот на министерството за животна средина и просторно планирање
СФП - Одделение за сметководство и плаќање


Departamenti
Сметководство и плаќање
Сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финансискиот план и подготвувањето на годишна сметка, евидентирање на основните средства на субјектот, евидентирање и наплата на побрувањата и плаќање на доспеаните обврски
СФП - Одделение за јавни набавки


Одделение
Јавни набавки
Одделението за јавни набавки е задолжена да го реализира и спроведува годишниот план за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки
Burbuqe Haxhijaha

Помошник раководител на сектор
Документација
Сектор за финансиски прашања - документација 01
Буџет на Министерството за просторно планирање и животна средина за 2024 година
Сектор за финансиски прашања - документација 02
Биланс на приходи и расходи за период од 01.01.2023 - 31.12.2023
Сектор за финансиски прашања - документација 03
Биланс на состојба - 31.12.2023
Сектор за финансиски прашања - документација 04
Годишен план за јавни набавки за 2024 година на Министерството за просторно планирање и животна средина
Сектор за финансиски прашања - документација 05
Посебни податоци за државна евиденција за корисниците на средствата од буџетот на фондовите
Сектор за финансиски прашања - документација 06
Структура на приходи по дејности за периодот од 01.01.2023 - 31.12.2023 година