Јавен повик

Соопштенија
За изразување интерес за консултантски услуги за Проект ″Регионален проект за цврст отпад″
04.03.2025

Врз основа на Договор за проект и Договорот за грант (техничка помош)  дел 2,02 од склучен помеѓу Министерство  за животна средина и просторно планирање и Европската Банка за обнова и развој на проект “Регионален проект за цврст отпад” поддршка за спроведување на проектот, подржан од Шведската Влада, преку СИДА – Сметката на општинската програма за животна средина и клима на ЕБОР II Операциски број 15338-116763 – 52828 а врз основа на Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската Банка за обнова и Развој (Службен весник на РСМ БР 251/22)Министерот за животна средина и просторно планирање донесе

Јавен повик 
за изразување интерес за консултантски услуги за Проект 
″Регионален проект за цврст отпад″


Министерството за животна средина и просторно планирање отпочнува  постапка за ангажирање на индивидуални консултанти за следните позиции:

  1. Раководител на Проектната единица за имплементација 
  2. Пет члена на Проектната единица за имплементација

Министерството за животна средина и просторно планирање ги  поканува сите кандидати кои ги исполнуваат условите да изразат интерес за обезбедување на консултантски услуги. 

Заинтересираните кандидати потребно е да обезбедат информации со кои ќе потврдат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантното работно искуство за извршување на задачите.
Доколку сметате дека ги задоволувате соодветните квалификации и искуство, Ве молиме да доставите ваша Професионална биографија - CV и Писмо за интерес и документи за потврда на потребните стручни квалификации , со јасна назнака за која позиција аплицирате на адресата на Министерството за животна средина и просторно планирање; Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје  и на следната е-маил адреса: b.lamallari@moepp.gov.mk.
Рокот за доставување на потребната документација е три дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат. Ненавремена и нецелосна пријава и документација нема да биде предмет на разгледување. 
По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведените работни места, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање, по што ќе биде направен конечниот избор .

Времетраењето на ангажманот на членовите на Проектната единица ќе биде до завршување на проектот.
Деталниот опис на работни задачи и условите за работа за позициите за кои се објавува овој оглас се достапни  подолу во Јавниот повик.


Потребни стручни квалификации и услови за номинирање и именување на членовите на Проектната единица


Раководител на Проектната единица за имплементација 1 (еден)  извршител

  • Да е државјанин на Република  Северна Македонија
  • Да има завршено високо образование, со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на инженерство и технологија   или природни науки,
  • Минимум искуство на 2 меѓународни проекти или домашни проекти за управување со отпадни води и водоснабдување. Предност ќе се смета барем една лидерска позиција на проекти за управување со отпадни води и/или водоснабдување или  слични проекти;
  • Да има стекнато најмалку 6 години работно искуство во струката од кои 2 години работно искуство на раководно место; 
  • Доказ за  познавање на англиски јазик;
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
  • Да има општа здравствена способност за работното место
  • Да не му е изречена забрана за вршење на дејност или професија.
  • По можност добро разбирање на FIDIC договори;
  • Нето плата  60.000,00 денари


Инженери за отпад – член на ПЕИ 3 (три)  извршители

  • Да е државјанин на Република  Северна Македонија
  • Да има завршено високо образование, со стекнати најмалку  180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на инженерство и технологија   или општествени науки,
  • Да има стекнато најмалку 1 години работно искуство во струката;
  • Доказ за  познавање на англиски јазик;
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
  • Да има општа здравствена способност за работното место
  • Да не му е изречена забрана за вршење на дејност или професија.
  • Нето плата  55.000,00 денари


Специјалист за јавни набавки  -     член на ПЕИ    1 (еден) извршители

  • Да е државјанин на Република  Северна Македонија
  • Да има завршено високо образование, со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или            завршен VII/1 степен на економски, правни науки.
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа на јавни договори и набавки, предност ќе се смета спроведување на постапки за јавни набавки во  договорни органи/органи на државна управа;  
  • Доказ за поседување на  лиценца за положен испит од Биро за јавни набавки јавни набавки; 
  • Познавање на правилата за набавки на МФИ и FIDIC условите;
  • Доказ за  познавање на англиски јазик;
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
  • Да има општа здравствена способност за работното место
  • Да не му е изречена забрана за вршење на дејност или професија
  • Нето плата  55.000,00 денари

Специјалист за финансии    -     член на ПЕИ   1 (еден) извршители

  • да е државјанин на Република Северна Македонија
  • Да има завршено високо образование, со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на  правни науки, економски
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа на финасиите, предност ќе се смета познавање на трезорско работење;
  • Доказ за  познавање на англиски јазик;
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
  • да има општа здравствена способност за работното место
  • Да не му е изречена забрана за вршење на дејност или професија- Нето плата  55.000,00 денари


Задачи на Раководителот на Проектната единица 

  1.  Раководителот раководи со Проектната единица за имплементација (во натамошниот текст: ПЕИ) преку организирање, планирање, насочување и координирање на активностите на ПЕИ, истовремено предлага политики по прашањата од делокругот на работа на ПЕИ и дава иницијативи за решавање на одделни прашања и проблеми, активно соработува со финансиските институции и консултантите вклучени во подготовката и реализацијата на проектот. Раководителот е одговорен за координирање и успешно функционирање на ПЕИ, преку навремено и целосно исполнување на своите задачи.
  2.  Раководителот е одговорен за исполнување на задачите на ПЕИ кои произлегуваат од договорите потпишани во врска со спроведувањето на Проектот.
  3.  Раководителот врши контрола, надзор и оценка на работите и задачите спроведувани од ПЕИ и известува за неговата работа.
  4.  Раководителот обезбедува распределба на обврските и задачите на другите членови на ПЕИ, согласно нивната посебна надлежност.
  5.  Учествува на редовни состаноци за следење на напредокот на реализацијата на Проектот и доколку е потребно подготвува белешка од истиот.
  6.  Раководителот е одговорен за подготовка на месечни, квартални, годишни и завршни извештаи поврзани со работата на ПЕИ, како и други материјали и информации од делокругот на своето работење.
  7.  Раководителот известува за евентуалните неправилности при спроведувањето на проектот.
  8.  Раководителот ги обезбедува сите потребни информации поврзани со работата на ПЕИ за вршење на внатрешна и надворешна ревизија за спроведување на проектот,
  9.  Раководителот ќе врши и други работи доверени на ПЕИ согласно договорите потпишани во врска со спроведувањето на проектот.
  10.  Раководителот во своето работење ги почитува барањата за етика и интегритет на работното место.
  11.  Раководителот на ПЕИ одговора пред  Проектниот тим на ПЕИ (Тим од редот на вработените од Министерството за животна средина и просторно планирање формиран со Решение на министерот за животна средина и просторно планирање).

Задачи на членовите на Проектната единица 

  1.  Членовите на ПЕИ му помагаат на Раководителот на ПЕИ во спроведувањето на активностите од својот делокруг на работа и обезбедуваат поддршка на Раководителот во подготвување на месечни, квартални и годишни извештаи за напредокот при спроведување на проектот и завршниот извештај за реализација на проектот
  2.  Членовите на ПЕИ се одговорни за обезбедување на навремени информации до Координаторот, со цел целосно исполнување на активностите поврзани со подготовка и спроведување на Проектот
  3.  Членовите на ПЕИ ќе соработуваат со финансиските институции, со консултантите, ќе работат на спроведување на тендерските постапки, склучување и реализација на договор со изведувачот
  4.  Членовите на ПЕИ по потреба учествуваат на редовни состаноци за следење на проектот и подготвуваат кратки белешки по истите, како и по потреба организираат посета на локацијата на проектот
  5.  Членовите на ПЕИ одговараат пред Раководителот на ПЕИ за навремено и квалитетно вршење на својата работа во рамките на своите овластувања и надлежности
  6.  Членовите на ПЕИ вршат и други работи доверени од раководителот на ПЕИ, согласно договорите потпишани во врска со спроведувањето на Проектот
  7.  Членовите на ПЕИ во своето работење ги почитуваат барањата за етика и интегритет на работното место.
  8.  Членовите на ПЕИ се грижат за целокупната документација поврзана со имплементацијата на проектот во согласност со пропишаните правила
  9.  Членовите на ПЕИ вршат собирање, средување, евидентирање и архивирање на документи и податоци поврзани со проектот
  10.  Членовите на ПЕИ одговараат пред Раководителот на ПЕИ.
     
Submitted by alfa4 on 04.03.2025 - 09:15