![Известување за нова регулатива на Eвропската унија за пратки на отпад](/sites/default/files/alfa/img/moepp-panel.jpg)
REGULATION (EU) 2024/1157 OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCIL of 11 April 2024 on shipments of waste, amending Regulations (EU) No 1257/2013 and (EU) 2020/1056 and repealing Regulation (EC) No 1013/2006 [1]
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека Европската Унија усвои нова Регулативата (ЕУ) 2024/1157 на Европскиот Парламент и на Советот од 11 април 2024 година за пратките на отпад (увоз, извоз и транзит на отпад), која влезе во сила на 20 мај 2024 година и со која се менува Регулативата (ЕУ) бр.1257/2013 и (ЕУ) 2020/1056 и се укинува Регулативата (ЕС) бр.1013/2006.
Целта на новата Регулатива е да се зајакне спроведувањето на законодавството во насока на спречување на илегален извоз на отпад од земјите членки на ЕУ и во трети земји, а со цел да се осигура еколошки здраво управување со пратките на отпад во ЕУ и надвор од ЕУ.
Регулативата наметнува нови правила за увоз/извоз/транзит на отпад и за земјите кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во која група припаѓа Република Северна Македонија.
Почнувајќи од 21 мај 2027 година, Европската Унија воведува построги правила за извоз на неопасен отпад. Имено, извозот на неопасен отпад, или познат како отпад од „зелена листа “, генерално ќе биде забранет во земјите кои не се членки на ОЕЦД. Исклучок од ова правило би биле земјите, кои иако не се членки на ОЕЦД, имаат капацитети кои ги исполнуваат условите за заштита на животната средина за преработка на овој отпад. Имено, сите земји кои сакаат да увезуваат неопасен отпад од ЕУ потребно е да ја известат Европската Комисија за нивната подготвеност и да ја потврдат нивната способност да го управуваат отпадот на еколошки здрав начин согласно правилата на ЕУ законодавството.
Иако новата Регулатива стапи на сила на 20 мај 2024 година, повеќето одредби ќе се применуваат од 21 мај 2026 година, а повеќето правила за извоз ќе се применуваат од 21 мај 2027 година.
Согласно регулативата почнувајќи од 21 ноември 2026 година, ќе има целосна забрана за извоз на отпад од пластика до 21 мај 2029 година, вклучувајќи го и неопасниот отпад од пластика (B3011). B3011 е специфичен код за отпад според Базелската конвенција што класифицира одредени видови na отпадна пластика за рециклирање [2].
По овој период (21 мај 2029 г.), земјите кои не се членки на ОЕЦД, заинтересирани за увоз на отпад од пластика, ќе бидат поканети да ја известат Европската комисија и да го покажат својот капацитет да управуваат со таков отпад на еколошки здрав начин, со цел да бидат вклучени во листата на земји кои не се членки на ОЕЦД, а во кои отпадот од пластика ќе може да се извезува од ЕУ.[3] Ова Барање за увоз на отпад од пластика од ЕУ ќе може да го опфати само неопасниот отпад од пластика (B3011).
Во контекст на претходно наведеното, согласно новата Регулатива, за да може да се увезува отпад од ЕУ, Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија како надлежен орган за увоз, извоз и транзит на отпад го пополни Барањето кое е дел од Прилогот 8, кој е составен дел од новата Регулатива, во соработка Државниот инспекторат за животна средина, Царинската управа на Република Северна Македонија и Министерството за економија и труд и се подготвува (преку Владина процедура) да го достави до Европската Комисија најдоцна до 20 февруари 2025 година (како е побарано од страна на Европската комисија). Врз основа на ова Барање Европската комисија ќе одлучи дали Република Северна Македонија ги исполнува условите за управување со отпад и во зависност од тоа ќе одлучи дали земјата ќе биде дел од Листата на земји кои ќе можат да вршат увоз на отпад од ЕУ.
Видовите на неопасен отпад за кои Република Северна Македонијаои ќе бара да се дозволи увоз од ЕУ, се дадени во Табела 1. Табелата е изготвена врз основа на податоците за увоз на отпад во земјата за изминатите години, а со кои располага Министерството за животна средина и просторно планирање.
Табела 1. Список на отпад опфатен со барањето
Опис на неопасен отпад или мешавини на неопасен отпад |
Шифра за идентификација на отпад *
|
За отпадот не треба да се применува постапката за претходно писмено известување и дозвола, а ќе се издава согласност за увоз пропратена со Прилог 7 од Правилникот за увоз, извоз и транзит на отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 107/16) |
|
Отпад од стругање и глодање на необоени метали |
12 01 01 |
Отпад од стругање и глодање на необоени метали |
12 01 02 |
Необоени метали |
16 01 17 |
Алуминиум |
17 04 02 |
Олово |
17 04 03 |
Цинк |
17 04 04 |
Железо и челик |
17 04 05 |
Калај |
17 04 06 |
Отпад од железо и челик |
19 10 01 |
Отпад од обоени метали |
19 10 02 |
Отпад од обоени метали |
19 12 01 |
Необоени метали |
19 12 02 |
Обоени метали |
19 12 03 |
Метали |
20 01 40 |
Пакување од хартија и картон |
15 01 01 |
Маст и масло за јадење |
20 01 25 |
Стакло |
20 01 02 |
Пакување од метал |
15 01 04 |
[1] https://eur-lex.europa.eu/eli/
[2] https://www.basel.int/