Меџити: Засадуваме нови 800 илјади садници во пет локации

Новости
Првиот заменик претседател Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска од општина Липково ја започна акцијата на садење на дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште
Засадуваме нови  800 илјади садници во пет локации
05.12.2024
Акција на садење на дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени

Липково, 05.12.2024 Првиот заменик претседател Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска од општина Липково ја започна акцијата на садење на дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени, со вкупна површина од околу 400 хектари во целата држава.

Меџити по садењето на првото дрвце, изјави пред медиумите дека целта на акцијата е обновување на шумскиот фонд, заштитување на  почвата од ерозија во близина на еден важен капитален стратешки објект, како што е Липковското Езеро,  преку кој се обезбедува водоснабдување на оваа општина.

 

1

 

“Активноста се реализира во рамки на проектот кој е финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд ГЕФ 6, со вкупна вредност од 500 илјади долари, а се спроведува од Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Програмата на Обединетите Нации за животна средина –УНЕП”

- изјави Меџити.

Меџити информира дека ќе се засадат 800 илјади садници, во наредните 2 години, заедно со Јавното претпријатие ,,Национални Шуми” во пет локации во државата, во околината на Липковско Езеро, село Страчинци, Свети Николе, Демир Капија и Гевгелија.
Акцијата на засадување се реализира по повод 5ти Декември, Светскиот ден на почвата, со цел пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени.

 

2

 

Меџити најави дека во тек е подготовката на Законот за заштита на почвата во Северна Македонија, а како следен чекор е отпочнување  со подготовка на Стратегија за заштита на почвата, која ќе вклучува насоки за воспоставување програма за следење на квалитетот на почвата.

Денешната активност се спроведува во рамки на проектот кој е финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд ГЕФ 6, со вкупна вредност од 500 илјади долари, а се спроведа од Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП).
 

Галерија
Submitted by alfa4 on 05.12.2024 - 18:14