Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска оствари работна средба со Џовани Тимилеро и Томас Таманини претставници на Италијанска агенција за развојна соработка со седиште во Тирана.
На средбата соговорниците ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката од областа на животната средина помеѓу двете држави и за можностите за нејзино продолжување и зајакнување.
Заменик министерката Лашкоска се заблагодари за одличната билатерална соработка која има потенцијал за продлабочување во сите клучни полиња од областа на животната средина и климатските промени. Претставниците на Италијанска агенција за развојна соработка информираа за фокусот на нивните интереси и изразија подготвеност за поддршка на проекти за одржливо управување со природните ресурси во Република Северна Македонија.