Теарце 24.10.2024 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска изврши увид во работите за изградба на две капитални инвестиции кои овозможуваат квалитетна вода за пиење за жителите на Першовце и Глоѓи на општина Теарце.
За време на посетата, првиот вицепремиер Меџити истакна дека реализацијата на овие два проекта е од витално значење за жителите на двете населени места од оваа општина.
“Резервоарот за вода за пиење што се гради во Теарца со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање во износ од над 18 милиони денари е во завршна фаза, односно завршени се над 90 отсто од работите, а изградбата на филтeр станицата за вода за пиење, која е во напредна фаза во село Глоѓи, во вредност од над 61 милион денари, значително ќе го подобри стандардот на жителите од овој дел на државата”
-рече Меџити.
Првиот вицепремиер Меџити додаде дека постојната акумулација е небезбедна и трпи оштетувања при секој дожд, поради што заматена и загадена вода циркулира во цевките и акумулациите.
“Со цел да има функционален водоснабдителен систем,и квалитетна вода за пиење се изработи техничка документација на ниво на Основен проект за изградба на тиролски зафат, доводен цевковод, таложник и филтер станица за с.Пршовце и Глоѓи во општина Теарце, лоцирани покрај р.Бистрица во подножјето на Шар Планина, а реализацијата на проектот се одвива без застој“
-посочи Меџити при увидот на работите на овие две локации.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити порача дека жителите на Полог заслужуваат квалитетна вода и живот со современи стандарди и Министерството и Владата работат континуирано во оваа насока.