Министерство за животна средина ќе изврши увид во работата на ЈП Дрисла

Новости
Меџити, денеска на средба ги прими претставниците на Здруженијата „Ринија е Батинцес“ и „Вукат“ кои ја изразија својата загриженост и незадоволство за лошото управување со отпадот и медицинскиот отпад од страна на Јавното претпријатие „Дрисла“
Министерство за животна средина ќе изврши увид во работата на ЈП Дрисла
21.10.2024

Скопје, 21.10.2024 Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на средба ги прими претставниците на Здруженијата „Ринија е Батинцес“ и „Вукат“ кои ја изразија својата загриженост и незадоволство за лошото управување со отпадот и медицинскиот отпад од страна на Јавното претпријатие „Дрисла“ со кое раководи Град Скопје.

Во име на жителите на село Батинцe и населбите кои гравитираат околу депонијата Дрисла, претставниците на двете здруженија информираа дека како резултат на несоодветното управување од страна на дирекцијата на оваа депонија, има драстично влошување на здравствената состојба на жителите на село Батинцe и околината.

Според нив, тие имаат само едно барање, современа депонија со еколошки и европски стандарди.

 

1

 
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, на средбата рече дека Министерството во соработка со Државниот инспекторат за животна средина ќе го разгледа нивното барање и ќе извршат увид во дејноста и начинот на кој ова претпријатие постапува со отпадот, доколку ги исполнува своите должности и евентуалните отстапки заедно со нивната работа.

По набљудувањето на ситуацијата на терен, Министерство за животна средина ќе ги разгледа можности за изнаоѓање на потребните средства и алатки за модернизација на депонијата Дрисла, и подобрување на животниот стандард на жителите кои живеат во нејзина близина.

Submitted by alfa4 on 21.10.2024 - 21:00