Првиот вицепремиер Изет Меџити во официјална посета на САД

Новости
79. Состанок на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации
Првиот вицепремиер Изет Меџити во официјална посета на САД
21.09.2024

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити престојува во Соединетите Американски Држави каде што ќе учествува на 79. Состанок на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации.

За време на престојот во Њујорк, првиот вицепремиер Маџити ќе оствари средби со американски високи претставници, како и ќе има средби со организации од дијаспората кои делуваат во Соединетите Американски Држави.

Првиот вицепремиер Меџити отпатува во Њујорк со високата државна делегација, која ќе биде дел од работата на 79. состанок на Собранието на ОН.

Submitted by alfa4 on 21.09.2024 - 09:08