Првиот вицепремиер Меџити се сретна со новиот шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас

Новости
Зајакнување на соработката и потикнување на реформи кои ни помагаат да ги исполниме стандардите и очекувањата на ЕУ
Првиот вицепремиер Меџити се сретна со новиот шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас
17.09.2024

Скопје, 16 септември - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска се сретна со новиот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас.

“Ми беше особено задоволство што денеска се сретнав со новиот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, на кого му посакав топло добредојде и успешен мандат во нашата земја. Оваа средба ни понуди одлична можност за натамошно продлабочување на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Истакнав дека интеграцијата на нашата земја во европското семејство останува наш стратешки и најважен приоритет“, рече Меџити.

 

Првиот вицепремиер Меџити се сретна со новиот шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас

 

Меџити додаде дека овие средби се од суштинско значење за зајакнување на нашата соработка и потикнување на реформи кои ни помагаат да ги исполниме стандардите и очекувањата на ЕУ.

“Во текот на нашиот разговор опширно дискутиравме за прашања кои влијаат на развојот на земјата, со посебен осврт на политичката и економската состојба во земјата. Друга клучна точка на нашите дискусии беше фокусот на политиките за животна средина, со посебен акцент на иницијативите за заштита на животната средина и соочување со еколошките предизвици, како и важната улога на ЕУ во подобрувањето на овие процеси. Разговаравме и за можностите за финансиска и техничка поддршка од ЕУ за нашите развојни проекти и неопходни реформи, со фокус на конкретни проекти директно поврзани со Министерството за животна средина. Како апсолутен приоритет беше истакнато унапредувањето на реформите и имплементацијата на законодавството за животна средина, согласно европските стандарди! “, рече првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Галерија
Submitted by alfa4 on 17.09.2024 - 08:49