Првиот вицепремиер Изет Меџити во официјална посета на САД

Новости
Состанок на министри посветен на Централната и Источна Европа на Конференцијата за енергетска безбедност.
Првиот вицепремиер Изет Меџити во официјална посета на САД
08.09.2024

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, престојува во официјална посета на Соединетите Американски Држави, каде на покана на Атлантскиот совет ќе учествува на 9. Состанок на министри посветен на Централната и Источна Европа на Конференцијата за енергетска безбедност.

Првиот вицепремиер Меџити ќе биде еден од главните говорници на Панел-дискусијата на тема „Трансатлантската политика за трговијата, енергетиката и климата, по изборна година“.

За време на престојот во Вашингтон, првиот вицепремиер Меџити ќе се сретне со претставници од државите учеснички на овогодинешната Конференција на Атлантскиот совет.

Submitted by alfa4 on 09.09.2024 - 04:39