подготовка и следење на стратешки документи, програми и планови, врз основа на утврдени стратешки приоритети на национално, регионално и меѓународно ниво
Одделението за стратешко планирање врши организирање и насочување на работата за подготовка и следење на стратешки документи, програми и планови, врз основа на утврдени стратешки приоритети на национално, регионално и меѓународно ниво.
Основни дејности на одделението
- Организирање и насочување на работата за подготовка и следење на стратешки документи, програми и планови, врз основа на утврдени стратешки приоритети на национално, регионално и меѓународно ниво;
- Координирање и подготовка на стратешкиот план на министерството во насока на заштита на животната средина и природата и воспоставување на одржлив развој на национално ниво;
- Спроведување на стратешкиот план на министерството преку континуирана соработка со останатите партнери во процесот;
- Утврдување на стратешки приоритети; по потреба организирање обука за стратешко планирање; следење на динамиката на одвивање на имплементацијата на стратешките приоритети;
- Организирање и координација на процесот на изготвување на предлог-годишната програмаза работа на министерството и го следи нејзиното остварување во согласност сопрограмата за работа на владата
- Следење на реформските процеси и предлага мислења при дефинирање на мисијата и визијата
- Ги следи постигнувањата во секоја област од надлежност на министерството