Прием за претставници на дипломатскиот кор во земјава

Новости
По повод 23-годишнината од Охридскиот договор, првиот вицепремиер Изет Меџити организираше прием за претставници на дипломатскиот кор во земјава, шефот на државата, пратеници, граѓанскиот сектор и други високи личности
Прием за претставници на дипломатскиот кор во земјава
13.08.2024

По повод 23-годишнината од Охридскиот рамковен договор, првиот вицепремиер Изет Меџити организираше прием за претставници на дипломатскиот кор во земјава, државниот врв, пратеници, граѓанскиот сектор и други личности.

Меџити во неговиот говор рече дека на 13 август 2001 овој исклучително важен стратешки документ донесе мир.

“Иако длабоките рани сеуште ги брануваат духовите, временската дистанца како најобјективен сведок ни укажува дека со помош со најважните наши стратешки меѓународни пријатели, тогаш сме донеле вистинска одлука. 
Не случајно, таткото на обединета Германија Ото Фон Бизмарк и мајстор на геополитиката, рекол „Политиката е уметност на можното, на достижното“.

 

1


 
Денес, после 23 години, 13 август ни донесува обединување на сите етнички заедници во славењето на значајните општествени придобивки кои се резултат на Уставните амандмани кои произлегоа од Охридскиот Договор.
 
Како никогаш претходно, со сите денешни државни настани испраќаме порака дека и од поразите и победите со оружје и човечки жртви, имаме капацитет да извлечеме поуки, ја познаваме мудроста и имаме силна волја да гледаме во заедничката иднина, рече Меџити.

Овој догово, додаде тој, ги постави фундаментите за целосна интеграција на Албанскиот народ во Државните институции, ја вреднува улогата на Албанците во формирањето на Северна Македонија, создаде функционални механизми за употребата на Албанскиот јазик на централно и локално ниво, за начинот на употреба на идентитетските симболи за Албанците, го дефинираше правецот на децентрализацијата на општините и преставува симбол на градење мостови за взаемна доверба.

 

2

 

"Охридскиот договор сам по себе има многу благородна цел. Тој го отвори патот за сеопфатен процес на интеграција на Албанците. 
Создавање еднакви можности за образование, вклучително и универзитетско образование, отворање работни места, основање културни и уметнички институции, овозможување публикации, воспоставување медиуми преку инклузивни јазични политики, градењерамноправни елити, едноставно го редефинира општеството на повисоко демократско ниво.
Овој процес кој сеуште трае, во својата основа ја има слободата - слободата на поединецот како основен составен дел на секој облик на општествено организирање, а оттука претставува основа за заштита и унапредување на колективните права на етничките групи, и затоа не смее да стане заложник на волјата на различни политички субјекти.

Дали треба и може поинаку? Се разбира дека постојат серија отворени прашања, но сум цврсто убеден дека полека но сигурно созрева времето за заеднички решенија кои ќе бидат нова општествена вредност во негувањето намеѓу етничките односи.  
 
Северна Македонија денес се соочува со сериозни предизвици. Како нова Влада затекнавме девастирани институции кои во моментот сеуште немаат капацитет да бидат сервис на граѓаните. Но работиме напорно да ја вратиме Државата на вистинскиот колосек.
 
Мнозинството Албанци на 8 мај донесоа одлука за промена на подобро. Наша обврска е тоа да го испорачаме. И покрај сите опструкции, сопки на патот, ние сме решени да ги демонтираме сите лоши практики кои се инсталирани како вирус во државниот систем.
Не се жалиме, туку работиме, силно и одлучно.Остануваме посветени на ЕУ агендата и посветено ќе ги испорачаме неопходните реформи. Ќе има неселективна правда и одлучна борба против корупцијата и криминалот. На овој наш стратешки колосек сме цврсто определени да се движиме и ништо не може да не поколеба.

 

3


 
Конечно, Охридскиот договор е институционална придобивка и припаѓа на сите подеднакво. Секој кој се обидува да ја присвои, да си ја припише како лична заслуга, да ја приватизира или да ја користи како алатка за лични и тесно партиски интереси, испраќа порака дека за таквите никогаш немало ништо свето. 
 
Албанците се мудар, горд и многу храбар народ. Секогаш во историјата знаеле да препознаат кој навистина се бори за националните интереси, а кој ја злоупотребува каузата за гола власт и лична корист. Кој ги обединува Албанците, а кој ги разделува.
 
Затоа, ги повикувам Албанците да се обединат околу визијата за подобра и сигурна иднина која ќе донесе нова надеж за младите генерации и која промовира модерни вредности на 21 век, истакна Меџити во неговиот говор.

Галерија
Submitted by alfa4 on 13.08.2024 - 19:40