(19-21.03.2013 год.) Министерството за животна средина и просторно планирање - Македонски информативен центар за животна срединаво рамките на проектот „Градење на капацитети за исполнување на барањата кон Архуската Конвенција и поддршка за развој на PRTR системот во земјите од Југоисточна Европа“,во соработка со Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) – Канцеларија во Македонија, одржа тродневна работилница во период од 19-21.03.2013 год.на тема: Спроведување на UNECE Протоколот за регистрите на загадувачи и пренос на загадувачки материи (PRTR) во Македонија.

Проектот е подржан од Федералното министерство за животна средина, заштита на природата и нуклеарна безбедност на Република Германија, како и од страна на Федералната агенција за животна средина на Република Германија.

Работилницата беше организирана за да се направи увид во актуелните случувања поврзани со спроведувањето на UNECE Протоколот за PRTR (Регистри на загадувачи и пренос на загадувачки материи), обврските за известување во Македонија, водејќи сметка за Е-PRTR системот на Европската Унија. Воедно целта беше да им се помогне на инсталациите да ги разберат и да се подготват за исполнување на обврските за известување. За таа цел Цемемтарница „Усје„ АД е избрана како пилот инсталација која прва почна со спроведување на обврските кои произлегуваат од Протоколот преку користење на таканаречениот БУБЕ – софтвер, чија основна намена е известување на индустријата по ПРТР.


Следниот работен состанок се одржа во хотелот Aрка со учество на претсавниците од индустријата кои се потенцијални ПРТР инсталации, НВО и претставници од надлежните органи во Република Македонија со цел презентирање на обврските кои ги имаме како земја која го ратификувала Протоколот и претставување на БУБЕ-софтверот кој исто така е донација од Германската влада.
