На состанокот од Македонскиот Информативен центар за животна средина учествуваше м-р Александра Несторовска-Крстеска.
Во однос на Република Македонија беше одлучено да се прифатат предложените вредности за Анекс II од Гетеборшкиот протокол и Анекс II од Протоколот за сулфурод 1994 година. Исто така, беше направен избор на членови на Имплементациониот комитет при што преку претставникот, Република Македонија за прв пат ќе земе учество во работата на Комитетот имајќи предвид дека со усвојувањето наАнекс II од Гетеборшкиот проткол Mакедонија стана првата членка на Гетеборшкиот протокол, која не е членка на ЕУ.
Воедно Република Македонија ги има ратификувано и останатите протоколи на Конвенцијата. Согласно брањата на протоколите до 15 февруари оваа година ќе биде испратен Инвентарот на емисии на загадуавчките супстанци на годишно ниво за 2012 година и контиунирано ќе се работи на имплементација на мерките за редукција на загадувачките супстанци и подобрување на квалитетот на воздухот што е цел на оваа конвенција.