38ми состанок на управното тело на ЕМЕП, за Конвенцијата за прекураничен пренос на загадувачките супстанци во воздухот

Активности
17.09.2014

Во период од 15-17 септември 2014 година во Женева, во седиштето на Обединетите нации се одржa 38ти состанок на управното тело на ЕМЕП. Состанокот беше организиран од Обединетите нации како надлежен орган на Конвенцијата за прекураничен пренос на загадувачките супстанци во воздухот (CLRTAP) и именуваните тела кои произлегуваат од неа.

На состанокот беа приложени резултатите постигнати од различните технички тела на Конвенцијата, податоци за мерења и моделирање на концентрации на фотохемиски оксиданси, тешки метали, прашина и тешко разградливи органски соединенија на ниво на Европа. Воедно земјите ги презентираат активностите кои ги преземаат за спроведување на Кооперативната програма за мониторинг и евалуација на прекуграничното аерозагадување. На овој состанок присуствуваше Анета Стефановска, раководител на одделението за мониторинг на квалитет на воздух од Македонскиот информативен центар за животна средина.

Submitted by almin on 17.09.2014 - 11:18