Активности
17.06.2015
(26 - 28.05.2015 год.) Во период 26-28 Мај 2015 година, во Тирана, Албанија се одржа регионална работилница за имплементација на Директивата за количини на горни граници - плафони на емисии на загадувачки супстанции, организирана во рамките на ECRAN проектот.
На работилницата беа презентирани искуствата на Земјите членки на ЕУ (Хрватска, Словенија, Латвија и Словачка) во имплементацијата на NEC Директивата, развојот на нивните емисиони инвентари, пресметка на проекции на емисии и начинот на подготовка на Програмите за редукција на емисиите, нивна проценка и евалуација. На работилницата беа презентирани излагања на напредокот на секоја од земјите учеснички, вклучувајќи ја и Македонија. На работилницата од од Министертсво за животна средина и просторно планирање присуствуваа Мартина Спасовска, Советник за моделирање и предвидување со симулација, Анета Стефановска, раководител на одделение за мониторинг на квалитет на воздух, Беса Татеши, Советник за ИСКЗ и Светлана Глигорова, Советник за ИСКЗ.