Активности
05.01.2017
На 8-9 ноември 2016 год во Холидеј Инн, Скопје се одржа субрегионална работилница на тема: Успесите, предизвиците и најдобрите практики во развојот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во земјите од Западен Балкан и Република Молдавија“, Работилницата е организирана како резултат на соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) во рамките на проектот „Подршка за воспоставување и развој на Протоколот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи во Земјите од Западен Балкан и во Република Молдавија“, Проект кој е финансиски поджан од Германското министерство за животна средина, заштита на природата и нуклеарна безбедност и Федералната агенција за животна средина на Германија.
Целта на состанокот беше да се направи увид во актуелните случувања поврзани со спроведувањето на Протоколот за Регистри на испуштање и пренос на загадувачи во Земјите од Западен Балкан и Република Молдавија, размена на искуства и применети знаења со државите кои имаат понапредни РИПЗ системи, како и да се направи прилагодување на РИПЗ системите за да се овозможи нивен поефикасен развој,
Состанокот беше отворен од страна на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски кој во поздравното обраќање ја истакна важноста на достапноста на информациите за испуштања и пренесување на загадувачи и трансфер на отпад во медиумите на животна средина со што се обезбедува учество на јавноста при донесување на одлуки во областа и постигнување на крајната цел – преземање на соодветни акции за намалување на загадувањето.
На работилницата покрај претставниците на македонското Министерство за животна средина и просторно планирање присуствуваа експерти од Германија и Холандија и претставници од ресорните министерства на Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Молдавија, како и високи претставници од РЕЦ, Германската амбасада во Македонија и од Делегација на ЕУ.