Активности
23.05.2017
Во период од 11-12 мај, 2017 година во Краков, Полска, се одржa 18та заедничка работилница на EIONET (Европска мрежа за информирање и мониторинг на животната средина) и TFEIP-Работната група за емисиони инвентари и проекции, на која учествуваше пртставникот од Мининистерството за животна средина и просторно планирање од секторот Македонски информативен центар, советникот м-р Маргарета Цветковска.
Република Македонија од 2006 редовно го подготвува Националниот емисионен инвентар за основните загадувачки супстанци (националните количини на емисии од одделни сектори) во согласност со методологијата CORINAIR и ги испраќа податоците до Европската агенција за животна средина и Обединетите нации.
Обврските за подготовка на инвентар и негово испраќање до меѓународни организации произлегуваат од Законот за квалитет на воздух и ратификуваните меѓународни договори (Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето и осумте протоколи кон неа ратификувани во 2010 година).
Во февруари 2017 беше подготвен и испратен инвентарот за националните емисии на сите загадувачки супстанци кои се предмет на барање на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP) за период 1990-2015 година согласно барањата наведени во протоколите на CLRTAP. Во моментов се работи и на подготовка на Извештај за инвентарот за емисии.
На состанокот се разгледуваа активностите на Работната група за емисиони инвентари и проекции во однос на Протоколот ЕМЕП за мониторинг во животната средина во Европа како и прогресот во работата на панелите за емисии од индустрија, земјоделие, транспорт и проекции како и информации за имплементација на амандманите на NEC директивата кои треба да се транспонираат во Европското законодавство.