Активности
19.11.2018
Во период од 06.11.2018 до 10.11.2018 година во Женева, Швајцарија, се одржи 3-тата глобална тркалезна маса за Регистар на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ ) и 6-тиот состанок на работната група на страните потписнички на РИПЗ Протоколот во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).
На состанокот имаше презентација и дискусија на добрите практики, заедничките предизвици и нови можности поврзани со понатамошниот развој на РИПЗ системите како што се:
• Статус на ратификација на Протоколот на загадувачи и пренос на загадувачки материи – РИПЗ
• Назначување на контакт лица од земјите потписнички
• Презентирање на Протоколот, целите и предностите кои произлегуваат од имплемтација на истиот.
• Разгледување на можности и начини за зајакнување на административните капацитети за успешно и ефикасно имплемтирање на РИПЗ Протоколот.
• Имплеметација на работниот план програм за РИПЗ.
Од Македонски информативен центар за животна средина на состанокот присустуваше Аземине Шакири – Нацинален контакт за спроведување на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи во Република Македонија.[su_custom_gallery source="media: 15916,15917" limit="10" link="image" target="blank" title="never"]