Активности
22.11.2018
Во периодот од 12.06.2018 до 13.06.2018 година во Прага, Република Чешка, се одржа 23та ЕИОНЕТ работилница за управување и оценка на квалитет на воздух во организација на Европската агенција за животна средина. Непосредно пред започнувањето на овој состанок, се одржа и 4тиот IPR технички состанок за подршка при имплементацијата на системот за електронско известување за квалитет на воздухсогласно одлуката 2011/850/ЕУ.
Присуството на состанокот беше значајно со цел да се овозможи континуитет во реализацијата на активности поврзани со имплементацијата на новиот систем за електронско известување кон ЕЕА со податоци за состојбата на квалитетот на воздухот. Република Македонија е прва земја од регионот на Западен Балкан која што успешно започна со известување преку овој новсистемот. Во делот на методи на оценка на квалитетот на воздухот, фокусот беше ставен на урбаното загадување и влијанието врз здравјето на луѓето, и како втор фокус беше анализа на озонот.
На оваа работилница присуствуваше Анета Стефановска, раководител на одделението за мониторинг на квалитет на воздух од Македонскиот информативен центар за животна средина.