Заедничката работилница на EIONET и Работната група за емисиони инвентари и проекции, се оддржа од 11-13.5.2020 година преку Zoom Платформа. На состанокот од Македонскиот информативен центар за животна средина присуствуваше м-р Александра Н.Крстеска.
На состанокот претставниците на CEIP како и лидерите на TFEIP ги презентираа заклучоците од Управното тело на ЕМЕР, статусот на репортирање на емисионите инвентари во 2020година, како и статусот на имплементација на NEC директивата. Претставниците од ЕЕА ги презентираа извештаите и тековните проекти во областа на воздухот. Се одддржаа и одделни панели за транспорт,индустрија, земјоделие и проекции на кои се презентираа промените и плановите за измени на Упатството за пресметка на емисиите, На состанокот воедно беа дискутирани и потребите од обуки пришто во однос беше утврдено дека најпотребни се обуки во областа на пресметка на проекции на емисии на загадувчки супстанци во воздухот, како и во областа на пресметка на кондензираниот дел на PM фракција. Во насока на влијанието на состојбата со COVID -19, беше презентирано можното влијание на COVID-19 врз усогласеноста на земјите со плафоните во NEC директивата како придонесот кон намалена потрошувачка на енергија во 2020 година.
Активности
06.10.2020