Учество на виртуелна Годишна конференција за Унапредување на Индикаторите на ЕЕА

Активности
01.02.2021
На 22 Јануари 2021 се одржа состанок во форма на онлајн вебинар на тема - Унапредување на Индикаторите на ЕЕА, во организација на Европсдката агенција за животна средина. На состанокот од Македонски Информативен центар за животна средина, учествуваше Катерина Николовска, како Национален референтен центар за известување за состојбата на животната средина. На овој вебинар беше направен историски преглед на развојот на индикаторите на Европската агенција за животна средина и беше презентиран напредокот во анализата и процесот на ревизија на индикаторите кои ЕЕА ги користи во своите тематски извештаи и проценки за квалитетот на животната средина во Европа. Исто така, дел од агендата беше и дискусија за можните промени и унапредувања во насока на комуникацијата на самите индикатори и пораките и проценките кои ги добиваме со користењето на индикатористе за известување за состојбата и перспективата на животната средина во Европа.
Submitted by almin on 01.02.2021 - 14:45