МК НИ 087 Обуки за областите од животната средина за вработените во Општините

114
МК НИ 087
Обуки за областите од животната средина за вработените во Општините
Дефиниција

Индикаторот го прикажува бројот на спроведени обуки од областа на спроведување на законите од областа на животната средина кои се наменети за вработени во делот на животната средина во општините.

Единици
  • Број на обуки и опфатеност на теми од областа на животната средина
Клучно прашање за политиката

Каков е прогресот во процесот на спроведување на обуките во областа на животната средина кои се наменети за вработени во општините?

Клучна порака

Обуките за спроведување на законите од областа на животната средина кои се наменети за вработени во делот на животната средина во општините започнаа да се спроведуваат во 2018 година како резултат на предвидена активност во Програмата за реформи од областа на животната средина на локално ниво која Владата на Република Северна Македонија ја усвои во декември 2017 година. Досега се покажа голем интерес од страна на единиците на локална самоуправа за ваквиот тип на обуки. Во 2018 и 2019 година се одржани по 10 обуки годишно, односно по една на месец не вклучувајќи ги летните месеци кога се користат годишни одмори.Во текот на 2020 година не се одржаа обуки со оглед на постоечката пандемија и немање услови за учество на вакви обуки од страна на вработените во општините. Во текот на 2021 година досега се одржани 2 обуки на теми оценка и одобрување на елаборати за заштита на животната средина кои се во надлежност на општините и втората обука на тема управување со отпад на локално ниво на која покрај претставници од општините учество земаа и претставници на јавните комунални претпријатија. Двете обуки се одржаа on-line и на истите имаше присуство од над 50 учесници.

 

График 1. Одржани обуки на претставници од општините

CSI 087 ObukiZaZS MK 2022

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: МЖСПП,Сектор за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи

Оценка

Со усвојување на на Програмата за реформи од областа на животната средина на локално ниво која Владата ја усвои во декември 2017 година покрај многубројните мерки кои ги опфаќа истата се започна со спроведување на обуки наменети за вработени во локалната самоуправа. Анализата покажа дека постои огромна неинформираност за нови законски прописи, неусогласена пракса при спроведување на прописите како и недоволно спроведување на прописите од областа на животната средина од страна на тие што се одговорни во општините за делот на животната средина.

Тргнувајќи од многубројните обврски кои законите од областа на животната средина ги налагаат за локалната самоуправа како и Законот за рамномерен регионален развој, а особено Законот за меѓуопштинска соработка се јави потреба од континуирано информирање и запознавање со новини за вработените во локалната самоуправа и разграничување на мали, средни и големи општини со приортетен начин на спроведување на надлежностите. Обуките се држат во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање и предавачи се експерти од МЖСПП и Управата за животна средина кои ги вршат истите работи на централно ниво, а главната цел е да се овозможи комуникација меѓу претставниците на општините и размена на информации. При тоа досега се покажа голем интерес од страна на локалната самоуправа за ваквиот тип на обуки но за жал заради ограничените просторни услови секогаш не може да им се излезе во пресрет на сите заинтересирани.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Постапката за спроведување на обуките започнува со донесување на годишен План за спроведување на обуки и тип на обуки од страна на министерот за животна средина и понатаму спроведување на планот од страна на Секторот за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи.

Цели

Планирано е да се обезбедат финансиски средства за одржување на обуки на месечно ниво во соодветен простор со поголем капацитет како и дводневни односно тридневни обуки за иста тема.

Обврска за известување
  • Известување на секои 6 месеци за напредокот до Владата на Република Северна Македонија.
Општи мета-податоци
Тема Инструменти за политиките на животната средина Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Вода, Природа, Отпад, Бучава
Код на индикаторот MK НИ087 Временска покриеност 2018-2021
Име на индикаторот Обуки за областите од животната средина за вработените во Општините Извор на податоци МЖСПП, Сектор за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи
Класификација по ДПСИР Р Датум на последна верзија 04.11.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Сектор за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: T.Paunovska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 087 Обуки од областите за животната средина за вработените во општините EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 6 – 6.3.1 Proportion of wastewater safely treated
11 – 11.6.1 Proportion of urban solid waste regularly collected and with adequate final discharge out of total urban solid waste generated, by cities
12-12.4.2 Hazardous waste generated per capita and proportion of hazardous waste treated, by type of treatment;
12.5.1 National recycling rate, tons of material recycled
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
28.11.2022