МК НИ 083 Стапка на пренаселеност во домаќинствата, % од население

77
МК НИ 083
Стапка на пренаселеност во домаќинствата, % од население
Дефиниција

Индикаторот го мери учеството на населението кое живее во услови на пренаселеност. Податоците се засновани на анкетно истражување и претставуваат предмет на лично согледување.

Единици
  • Процент на население:

–   вкупно

–   под 60% од медијалниот национален еквивалентен приход (сиромашни) и

–   над 60% од медијалниот национален еквивалентен приход (богати)

Клучно прашање за политиката

Каков е трендот на стапката на пренаселеност во домаќинствата и како тоа влијание врз условите за живот и околината?

Клучна порака

Вкупната стапка на пренаселеност во домаќинствата и спoред статусот на сиромаштија во периодот од 2011 до 2020 година има тренд на намалување и тоа: 24,3% вкупно население, 19% сиромашно население и 24,5% богато население.

Во 2020 година 41,8% од вкупното население смета дека живее во услови на пренаселеност, што претставува доста висок процент во однос на европскиот просек кој изнесува 17,5%. Притоа, дури 54,7% од населението кое живее под линијатa на сиромаштија, живее во густо населени домови.

За да се намали овој процент и да се подобри квалитетот на живеење на населението, потребно е да се обезбеди рамномерен развој на сите статистички региони во земјата, односно подобрување на условите за живот во руралните подрачја, а со тоа би се намалил и притисокот врз поголемите градови во земјата и намалување на миграцијата. Приоритет треба да биде обезбедување на основните потреби одржлива мобилност, урбано планирање, соодветен транспортен систем, намалување на сиромашното население и друго.

 

График 1. Стапка на пренаселеност во домаќинствата, спред статусот на сиромаштија

CSI 083_StapkaNaPrenaselenost 2022

 

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk , Анкета за приходи и услови на живеење

Оценка

Планирањето на градовите и останатите населби кои нудат еднакви можности за сите претпоставуваат пристап до сите основни потреби, енергија, домување, транспорт, зелени јавни површини, сето тоа проследено со намалување на употребата на ресурси и влијание врз животната средина. Пренаселеноста е поголема во урбаните средини, особено заради зголемента миграција од руралните во урбаните средини, со што се зголемува концентрацијата на население во помали живеалишта, за разлика од руралните средини каде живеалиштата се поголеми.

Сето тоа има негативно влијание врз околината во насока на ширење на населените места со што се предизвикува притисок врз транспортот, создавање отпад, зголемено загадување на воздухот, намалување на зелените површини генерално (јавни и приватни), зголемена изградба на објекти, зголемена бучава и други негативни влијанија врз животната средина.

Вкупната стапка на пренаселеност во домаќинствата и спoред статусот на сиромаштија во периодот од 2011 до 2020 година има тренд на намалување и тоа: 24,3% вкупно население, 19% сиромашно население и 24,5% богато население.

Во 2020 година 41,8% од вкупното население смета дека живее во услови на пренаселеност, што претставува доста висок процент во однос на европскиот просек кој изнесува 17,5%. Притоа, дури 54,7% од населението кое живее под линијатa на сиромаштија, живее во густо населени домови.

За да се намали овој процент и да се подобри квалитетот на живеење на населението, потребно е да се обезбеди рамномерен развој на сите статистички региони во земјата, односно подобрување на условите за живот во руралните подрачја, а со тоа би се намалил и притисокот врз поголемите градови во земјата и намалување на миграцијата. Приоритет треба да биде обезбедување на основните потреби одржлива мобилност, урбано планирање, соодветен транспортен систем, намалување на сиромашното население и друго.

Методологија

Податоците за овој индикатор се прибираат со Анкетата за приходи услови на живеење (АПУЖ), која се спроведува во согласност со регулативите на Европскиот парламент и на Советот на Европа (Регулатива ЕЗ бр.1177/2003 како основа). Усогласувањето на прашалникот со кој се прибираат податоците со оваа регулатива овозможува споредливост на ниво на ЕУ.

Согласно регулативата, едно лице се смета дека живее во пренаселено домаќинство доколку во живеалиштето нема барем една просторија за целото домаќинство, како и просторија за двојка, за секое лице над 18 години, за пар тинејџери (12 до 17 години на возраст) од ист пол, за секој тинејџер од различен пол и за пар деца (помлади од 12 години).

Податоците се однесуваат на вкупното население и според статусот на сиромаштија. Како сиромашно лице се смета она кое живее под прагот на сиромаштија, кој е еквивалент на 60% од медијалниот национален еквивалентен приход на лицата што живеат во домаќинствата.

Цели

Нема специфични цели.

Обврска за известување

EUROSTAT

Општи мета-податоци
Тема Домаќинства Поврзаност со други теми/сектори Социо-економски промени, Воздух, Почва и користење на земјиште, Отпад, Домаќинства,Бучава, Урбанизам
Код на индикаторот MK НИ 083 Временска покриеност 2011-2020
Име на индикаторот Стапка на пренаселеност во домаќинствата, % од население Извор на податоци Државен завод за статистика, Анкета за приходи и услови на живеење
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 06.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Снежана Шиповиќ
Катерина Николовска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
snezana.sipovic@stat.gov.mk
k.nikolovska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 083 Стапка на пренаселеност во домаќинствата, % од население EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 1. 11. Eurostat sdg_11_10
Overcrowding rate by poverty status
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
25.11.2022