Со овој индикатор се следaт стапките на рециклирање на отпад од пакување, односно напредокот во остварување на националните цели за рециклирање. Со овој индикатор исто така, се следи и напредокот во остварување на целите на одржливото управување со отпадот.
- % (процент)
Колкава е стапката на рециклирање на отпад од пакување?
Во Република Северна Македонија, во периодот од 2011 година до 2018, се забележува постојан тренд на зголемување на стапката на рециклирање на отпад од пакување, и истиот е зголемен за повеќе од 3 пати. Во наредните години се забележува фликтуација на стапките на рециклирање кои се следат со намалување и зголемување со тоа што од 2019 година до 2023 година бележи повторно зголемување од 43%. Вкупната количина на рециклирање за 2023 година изнесува 44.848,10 тони.
Вкупниот процент на рециклирање на отпад од пакување во Република Северна Македонија за 2023 изнесува 58,88%.
Согласно расположивите податоци процентот на рециклирање се стреми кон исполнување на Националните цели за постапување со отпад од пакување.
Графикон 1. Тренд на рециклирање на отпад од пакување
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање
*Количините се од колективни постапувачи, самостојни постапувачи и мали производители
Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето кои треба да ги исполнува пакувањето при производство, пуштање на пазар и постапувањето со отпадот од пакување што ги опфаќа обврските на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство и пуштање на пазар на пакувањето, барањата за собирање, повторна употреба, преработка, рециклирање и отстранување, како и други услови за постапување со отпадот од пакување, известувањето и економските инструменти за постигнување на целите за собирање, преработка и рециклирање на отпадот од пакување.
Во разгледуваниот период од 2011 година до 2018 процентот (%) на рециклирање на отпад од пакување постојано бележи тренд на зголемување и истиот е зголемен за повеќе од 3 пати. Во наредните години се забележува фликтуација на стапките на рециклирање кои се следат со намалување и зголемување со тоа што од 2019 година до 2023 година бележи повторно зголемување од 43%. Вкупната количина на рециклирање за 2023 година изнесува 44.848,10 тони.
Вкупниот процент на рециклирање на отпад од пакување во Република Северна Македонија за 2023 изнесува 58,88%.
Следејќи го позитивниот тренд на стапките на рециклирање на отпад од пакување, а за да се достигнат предвидените цели од Законот за пакување и отпад од пакување сепак останува предизвик.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Вкупната количина на рециклиран отпад од пакување поделена со вкупната количина на отпад создадена од пакување.
- Недоследност на методологија
Поради тоа што не сите прозводители на пакување ја почитуваат законската обврска за доставување на годишни извештаи до Министерството за животна средина и просторно планирање или само дел од производителите се вклучени во системот за колективни постапувачи, би можело количината на пакување пуштена на пазар да биде и поголема.
Истотака треба да се напомене дека во 2021 година донесен е нов закон управување со пакување и отпад од пакување(сл.весник бр.215), истотака од законот треба да произлегуваат и нови подзаконски акти.
Во 2021 година е донесен нов закон за управување со пакување и отпад од пакување (сл.весник бр.215)
Согласно националните цели од новиот закон од став(4) точка:
2) до крајот на 2021 година најмалку 60% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Република Северна Македонија, треба да се преработи со операции на обновување или операции на енергетска преработка;
3) до крајот на 2021 година минимум 55%, а максимум 80% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Република Северна Македонија треба да се рециклира;
4) до крајот на 2021 година следниве количества на материjали од кои се произведува пакувањето треба да се рециклираат:
– 40% од тежината за стакло,
– 70% од тежината за хартија и картон,
– 50% од тежината за железни метали,
– 10% од тежината на обоени метали,
– 25% според тежината за пластика, со тоа што се зема предвид само материјалот кој е рециклиран назад во пластика,
– 20% според тежината за дрво,
5) најдоцна до 31 декември 2030 година минимум 65% од тежината на целиот отпад од пакување ќе се рециклира;
6) најдоцна до 31 декември 2030 година, треба да се исполнат следниве минимални цели по тежина за рециклирање, во однос на следниве посебни материјали кои се содржат во отпадот од пакување:
– 50% пластика,
– 25% дрво,
– 70% железни метали,
– 50% алуминиум,
– 70% стакло,
– 75% хартија и картон,
7) најдоцна до 31 декември 2035 година минимум 70 % од тежината на целиот отпад од пакување ќе се рециклира и
8) најдоцна до 31 декември 2035 година, треба да се исполнат следниве минимални цели по тежина за рециклирање во однос на следниве посебни материјали кои се содржат во отпадот од пакување:
– 55% пластика,
– 30% дрво,
– 80% железни метали,
– 60% алуминиум;
– 75% стакло и
– 85% хартија и картон.
EUROSTAT
МК НИ 103 Стапка на рециклирање на отпад од пакување | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | 168- Recycling rates for packaging waste (Eurostat_ten00063) | |
SDG – Цели за одржлив развој | 12, Responsable consumtion and production | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |