МК НИ 026 Површини со органско земјоделство

57
МК НИ 026
Површини со органско земјоделство
Дефиниција

Индикаторот се пресметува како удел (процент) на површина со органско земјоделство (збир од постојните површини со органско земјоделство и површини во процес на пренамена во органско земјоделство) од вкупната земјоделска површина или вкупната обработлива површина.

Единици

Индикаторот се изразува како збир на површина со органско производство и на површина што се конвертира т.е. пренаменува за органско производство, изразено во ha. Уделот на органското земјоделство се дава како процент од вкупната обработлива површина.

Клучно прашање за политиката

Дали уделот на органското обработливо земјиште во однос на вкупното обработливо земјиште е во пораст?

Клучна порака

Во разгледуваниот период производните површини и површините под конверзија со органско производство имаат променлив тренд на пораст и опаѓање. Производните површини со органско производство имаат позитивен тренд на пораст од 11 пати, од 266 хектари во 2005 година на 2.917,39 хектари во 2021 година. Површините под конверзија имат најголем пораст, од 17 пати, во периодот 2005 до 2011 година, а најголем пад во периодот од 2011 до 2014 година. Позитивен тренд на зголемување на површините под конверзија се јавува повторно од 2015 до 2021 година.

Динамиката на вкупно сертифицирана производна површинитe со органско земјоделско производство ја следи погоренаведената динамика на зголемување и намалување на бројот на органските оператори во текот на годините.

Во однос на целта која треба да се постигне до 2020 година од 4%, соласно предвидениот национален план за органско производство 2013-2020 година може да се заклучи дека уделот на органското производство во однос на вкупната обработлива површина сеуште е незначителен и изнесува 0,83%.

Истотака целта не е постигната и согласно проекциите дадени во националните стратегии за земјоделство и рурален развој 2014-2020 и 2021-2027 година.   И покрај зголемувањето на производните капацитети за органско производство во изминатиот период посакуваните проекции на политиката за удел на обработените површини под органското производство се под 2% од вкупното обработено земјоделско земјиште во Република Северна Македонија.

График 1. Површини со органско земјоделско производствоCSI 026 2022 MK_g1

 

График 2. Удел на површини со органско земјоделско производство во обработлива и вкупна земјоделска површинаCSI 026 2022 MK_g2

 

График 3. Растително органско производство во хектарипо вид на култураCSI 026 2022 MK_g3

 

 

График 4. Однос помеѓу бројот на оператори и површината под органско земјоделско производствоCSI 026 2022 MK_g4

 

 Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Годишни статистички извештаи/Државен завод за статистика, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Одделение за органско земјоделско производство.

Оценка

Во разгледуваниот период производните површини и површините под конверзија со органско производство имаат променлив тренд на пораст и опаѓање.

Производните површини со органско производство имаат позитивен тренд на пораст од 11 пати, од 266 хектари во 2005 година на 2.917,39 хектари во 2021 година.

Површините под конверзија имат најголем пораст во периодот 2005 до 2011 година, односно од 326.54 хектари во 2005 година се зголемиле на 5.573,66 хектари во 2011 година, што претставува пораст од 17 пати. Но потоа, во периодот од 2011 до 2014 година има најголем пад на површините под конверзија од 5.573,66 хектари на 910,88 хектари, што укажува на фактот дека во тој период значително се намалуваат површините под конверзија. Позитивен тренд на зголемување со одредени флуктуации на површините под конверзија се јавува во годините од 2015 до 2021 година.

Уделот на вкупните површини со органско земјоделско производство (производни + конверзија), во вкупната обработлива површина пораснал од 0,11% во 2005 година на 1,29% во 2011 година, додека во 2012 година уделот се намалува и изнесува 0,91%, негативниот тренд продолжува и во периодот до 2014 година. Од 2015 до 2021 година е забележано зголемување на површините на органското земјоделско производство, во вкупната обработлива површина со одредени флуктуации. Во 2021 година уделот се зголемил и изнесува 0,83%, но за жал сеуште е мал во однос на 2011 година, кога уделот бил најголем, и бележи пад од 35,5%.

Уделот на површините со органско земјоделско производство во вкупната обработлива површина е незначителен со оглед на тоа дека согласно Националниот план за органско производство 2013-2020, до 2020 година треба да се постигне целта органското обработливо земјиште да има удел од 4% во вкупното обработливо земјиште во Северна Македонија и истиот во 2021 година изнесува 0,83%.

Истотака целта не е постигната и согласно проекциите дадени во националните стратегии за земјоделство и рурален развој 2014-2020 и 2021-2027 година.   И покрај зголемувањето на производните капацитети за органско производство во изминатиот период посакуваните проекции на политиката за удел на обработените површини под органското производство се под 2% од вкупното обработено земјоделско земјиште во Република Северна Македонија.

За жал, целта не само што не е постигната, туку состојбата е влошена во споредба со 2011 година кога уделот бил највисок 1,29%.

И покрај незадоволителниот удел на површините со органско земјоделско производство треба упорно да се продолжи со примена на алатки се со цел да се постигне задоволително ниво на препознавање и потрошувачка на органската храна, а со тоа и поголема мотивација на органските производители за зголемување на нивните производни капацитети и мотивација за трговците за продажба на органска храна.

На слика 3 се гледа дека житните култури се водечка органска култура во Северна Македонија во 2021година, со учество од 39,47%, потоа следуваат овошните култури, со 20,07 % како и фуражните со 19,96% учество, додека најмал удел имаат маслодајните култури со учество од 0,57% во вкупните сертифицирани површини.

Бројот на сертифицирани органски оператори во периодот од 2005 до 2011 година пораснал пропорционално со порастот на површините под органско земјоделско производство (слика 4), односно опаднал во периодот од 2012 до 2014, за повторно да има пораст од 3 пативо периодот од 2014 до 2021 година.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Според методата на Европската aгенција за животна средина

Индикаторот се изразува како збир на површина со органско производство и на површина што се конвертира т.е. пренаменува за органско производство поделена со вкупната обработлива површина или со вкупната земјоделска површина. Оваа вредност се множи со 100 за претставување на вредноста во проценти.

Цели

До 2020 година обработливо земјиште под органско производство да има удел од 4 % во вкупното обработливо земјоделско земјиште во Северна Македонија.

Обврска за известување
  • Годишен извештајза квалитет на животната средина во РМ
  • Статистики на животна средина
  • Европска агенција за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Земјоделство Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Почва и користење на земјиште, Природa
Код на индикаторот MK НИ 026 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Површини со органско земјоделство Извор на податоци Државен завод за статистика

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Одделение за органско земјоделско производство

Класификација по ДПСИР Р Датум на последна верзија 14.06.2021
Тип А Подготвено/ажурирано од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: a.rushiti@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 026 Површини со органско земјоделство EEA – Европска агенција за животна средина IND-158/SEBI 020, Agriculture: area under management practices potentially supporting biodiversity
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 8 Area under organic farming
SDG – Цели за одржлив развој 2. End hunger, achieve food security and improved nutrition and promote sustainable agriculture
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
23.11.2022