МК НИ 063-1 Емисија на тешки метали – Pb олово

22
МК НИ 063-1
Емисија на тешки метали – Pb олово
Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на олово(Pb).

Единици
  • t/година (тони на година)
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на олово во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на Pb изнесуваа 232.5 t. Во 2020година емисиите изнесуваат 2.27 t и се намалени за 99% споредено со 1990 година што претставува практично максимален напредок во намалувањето на вкупните емисии на олово и историски најниска вредност земајќи го предвид целиот разгледуван период 1990-2020 година.

Намалувањето на емисиите на олово се должи на воведувањето на безоловен бензин и затворање на одделни индустриски инсталации.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на Pb ?

Во 2020 година во емисиите на Pb забележително учество имаат неколку NFRкатегории, и тоа: 1.А.4 – Други сектори (домаќинствата, комерцијални и административни капацитети), 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво, 1.А.1 -Производство на енергија, 2 Индустриските процеси и 1.А.3 Транспортсо удел од 29.2%, 24.4%, 19.2%, 13.5% и 10.5%, соодветно. Категоријата 2 Индустриски процеси, која е клучна категорија во минатото во 2020 учествува со 13.5%. Останатите категории се помали или незначителни извори на емисии на Pb.

Оценка

Вкупните национални емисии на Pb во 1990 година изнесуваа 232.5 t. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 2.27 t и во однос на 1990 година се намалени за 99%, додека во однос на 2019 година се намалени за 20%, со забелешка дека вкупните емисии на олово во 2020 година имаат историски најниска вредност земајќи го предвид целиот разгледуван период 1990-2020 година.

Трендот на емисии на оловото е прикажан на следниот графикон.

 

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии наPb во периодот 1990-2020 годинаCSI 063_Pb_MK_g1

 

Од гледиште на причините за трендот на вкупните годишни емисии на олово целиот период 1990-2020 година генерално може да се подели на три дела и тоа: период 1990-2003 кога работи Топилницата за олово и цинк во Велес и се користи оловен бензин во транспортот, еден меѓупериод од две години 2004-2005 година кога престанува со работа Топилницата и започнува употребата на безоловен бензин во транспортот и период 2006-2020 година кога не работи Топилницата во Велес и се употребува само безоловен бензин од кој период се и ниските вкупни годишни емисии на олово и овој тренд се задржува до денес.

И покрај тоа што во деведесетите години клучни извори се индустриското производство и сообраќајот, поинаква е состојбата денес.

Уделот на одделните NFR категории во вкупните емисии на Pb за 2020 година е прикажан на Графикон 2.

 

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на Pb по NFR категории во 2020 годинаCSI 063 Pb_MK_g3

 

 

На следниот графикон е прикажан тренд на емисии на олово во периодот 1990-2020 година по NFR категории.

 

Графикон 3. Eмисии на Pb по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 годинаCSI 063 Pb_MK_g2

 

Историски гледано најголем удел во вкупните годишни емисии на Pb имаат две NFR категории и тоа: 2 Индустриски процеси и 1.А.3 Транспорт и тоа заради подкатегоријата Производство на олово (Топилница за олово и цинк во Велес) и употреба на оловен бензин од страна на возилата. Историски гледано останатите NFR категории имаат минимален удел во вкупните емисии на олово. Во 2020 година значаен удел изразен во проценти во вкупните емисии имаат пет (5) NFR категории и тоа: 1.A.4 Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен), 1.А.2 – Согорување од индустриски процеси и градежништво, 1.А.1 – Производство на енергија, 2 – Индустриски процеси и 1.А.3 Транспорт , но гледано од аспект на апсолутна вредност на вкупни емисии на олово во тони се работи за навистина многу мали вредности од околу 2.27 t.

NFR категоријата 2 – Индустриски процеси во вкупните емисии на Pb во 1990 година учествуваше со 59%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 13.5%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за повеќе од 99%, додека во однос на 2019 година се намалени за 24%. Емисиите од оваа NFR категорија, во периодот 1990-2004, пред се должат на подкатегоријата Производство на олово (Топилницата во Велес), а во периодот 2005-2020 година, кога апсолутните вредности на емисија на олово се далеку помали, од подкатегоријата Производство на железо и челик.

NFR категоријата 1.А.3 – Транспорт (која го вклучува патниот и непатниот сообраќај) во вкупните емисии на Pb во 1990 година учествуваше со 39%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 11%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за повеќе од 99%, додека во однос на 2019 година се намалени за 15%. Емисиите од оваа NFR категорија, во периодот 1990-2005, пред се должат на употребата на оловен бензин кога вредностите на емисија од оваа подкатегорија се мошне високи, додека во периодот 2006-2020 година, кога е прекината употребата на оловен бензин, емисиите на олово се ниски, особено во периодот 2008-2020 година кога тие може да се каже се минимални.

NFR категоријата 1.А.2 – Согорување од индустриски процеси и градежништво во вкупните емисии на Pb во 1990 година учествуваше со помалку од 1%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 24%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 5%, додека во однос на 2019 година се намалени за 35%. Овие емисии главно доаѓаат од согорување на лигнит во производните процеси во Производство на железо и челик и други индустрии. Сепак по апсолутна вредност годишните емисии од оваа NFR категорија се ниски.

NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори во вкупните емисии на Pb во 1990 година учествуваше со помалку од 1%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 29%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 41%, додека во однос на 2019 година се незначително намалени за 1%. Овие емисии главно доаѓаат од согорување на дрва во домаќинствата и административните објекти и употребата на мали домашни и земјоделски алатки на гориво од страна на домаќинствата. Сепак по апсолутна вредност годишните емисии од оваа NFR категорија се ниски.

NFR категоријата 1.А.1 Производство на енергија во вкупните емисии на Pb во 1990 година учествуваше со помалку од 1%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 19%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 51%, додека во однос на 2019 година се намалени за 23%. Овие емисии главно доаѓаат од согорување на лигнит во термоелектраните за производство на електрична енергија, РЕК Битола и РЕК Осломеј. Сепак по апсолутна вредност годишните емисии од оваа NFR категорија се ниски.

Останатите NFR категории се незначителни извори на емисии на Pb.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното:

Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за тешки метали, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1990 година), нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии на олово (Pb) за 2020 година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето).

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за оваа загадувачка супстанца за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на олово (Pb) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на Pb, во тони на година, во период 1990-(n-2), каде n е тековната година.
  1. Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за тешки метали
  • националните вкупни емисии на Pb во (n-2) година (n е тековната година) не треба да ги надминуваат вкупните емисии пресметани за 1990 година (која е земена како базна година)
Обврска за известување
  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Домаќинства, Отпад, Енергија, Транспорт, Здравство, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 063 – 1 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешки метали – олово (Pb) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 27.07.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk
А.Krsteska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 063-1Емисија на тешки метали – олово (Pb) EEA – Европска агенција за животна средина IND-171/AIR 001
Heavy metal emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/6 Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 38 Heavy metal emissions (EEA_ APE005)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не