МК НИ 004-4 Надминување на граничните вредности за квалитет на воздух во урбани подрачја – O3

10
МК НИ 004-4
Надминување на граничните вредности за квалитет на воздух во урбани подрачја – O3
Дефиниција

Овој индикатор го прикажува делот од урбаната популација која што е потенцијално изложена на концентрации на загадувачки супстанциво амбиентиот воздух над граничните вредности дефинирани за заштита на човеково здравје.

Урбаната популација која што е земена во предвид е всушност вкупниот број на жители кои што живеат во градовите каде што има најмалку една мониторинг станица. Во овие градови влегува главниот град на Република Северна Македонија и останатитепоголеми градови. Бројот на жители е во согласност со пописите спроведени од страна на Државниот завод за статистика од 2002 и 2021 година со тоа што податоците од 2004 до 2020 година се обработувани со бројот на жители од пописот од 2002 година, додека податоците од 2021 година се обработувани со бројот на жители од пописот од 2021 година.

Надминувањето на граничните вредности за квалитет на воздухот се појавува кога концентрацијата на загадувачките супстанци ги надминува целните вредности за O3утврдени со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Сл. весник на РМ“ бр.50/2005, 4/2013, 183/17), во која е транспонирана директивата за квалитет на амбиентен воздух и почист воздух во Европа 2008/50/ЕC и директивата за тешки метали 2004/107/ЕC.Онаму каде што постојат повеќе гранични вредности (види дел за Цели на политиката), индикаторот го користи најстрогиот случај:

  • Озон (O3 ): краткорочна цел
Единици

Процент на урбаната популација потенцијално изложена на надминувања на концентрациите во амбиентниот воздух на озон (O3) над граничните вредности дефинирани за заштита на човеково здравје. Koнцентрациите во амбиентниот воздух на озон (O3) се изразуваат во микрограм/m(µg/m3).

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен за намалување на концентрациите на загадувачките супстанции во урбаните средини за достигнување на целните вредности за O3 дефинирани во Уредбата?

Клучна порака

Во периодот од 2004 до 2021 година од 0 до 43 % од населението било изложено на концентрации на озон кои ја надминуваат целната вредност за заштита на човековото здравје. Највисок процент на изложеност на населението има во 2007 година со изложеност од 43 %.

Просечните концентрации на озон во градовите се релативно ниски поради присуството на други загадувачки супстанци кои го разградуваат озонот од воздухот. Сепак, како што е типично за овој регион, краткотрајните епизоди со зголемени концентрации на озон се честа појава.

Изложувањето на озон се смета дека е најопасна за вегетацијата во споредба со која било друга загадувачка супстанца во воздухот. Озонот може да има значително влијание врз растот на дрвјата, потоа врз културите како пченица, соја и ориз како и врз вегетацијата во целина. Од тие причини, високите концентрации на озон може да предизвикаат значителни економски загуби во шумското стопанство и земјоделството. Озонот исто така е штетен по човековото здравје.

Надминувањата на долгорочните цели за озон се дожат на географската местоположба на државата во јужниот дел на Европа која се одликува со голем број на сончеви денови во текот на летниот период.

Оценка

Озонскиот слој се наоѓа на височина од 10 до 15 km од земјата и служи како филтер за UV- зрачењето и стабилизација на климата.

Автоматските мониторинг станици вршат мерења на приземниот озон кој се формира како резултат на фотохемиски реакции во кои учествуваат азотни оксиди, испарливи органски супстанци (најчесто, јаглеводороди) и др. Сепак, на неговата содржина влијаe интензитет на сончева радијација и годишните времиња. Поради тоа, повисоки концентрации на озон се забележуваат во топлите денови, а особено во летниот период. На следните два графикони се прикажани изложеностите на популацијата на оваа загадувачка супстанца.

 

Графикон 1: Процент на урбаната популација изложена на загадување на воздухот во области каде концентрациите на загадувачките супстанци се повисоки од граничните/целните вредностиCSI 004 2022 O3_g1

 

Графикон 2: Процент од урбаната популација изложена на концентрации на O3 над долгорочната целна вредност за заштита на човеково здравје, изразена како број на денови во текот на една календарска годинаCSI 004 2022 O3_g2

 

Во периодот од 2004 до 2021 година од 0 до 43 % од населението било изложено на концентрации на озон кои ја надминуваат целната вредност за заштита на човековото здравје. Највисок процент на изложеност на населението има во 2007 година со изложеност од 43 % по што следи тренд на опаѓање, и во 2012 година процентот на изложеност е 0 %, а во 2013 година процентот на изложеност е 15%. Потоа во 2014 година пак има опаѓање на процентот на изложеност на населението на 0% за во 2015 година процентот на изложеност на населението да порасне до 12%.Во 2016и 2017 година процентот на изложеност на населението е повторно 0%. Во 2018 и 2019 година процентот на населението кое е изложено на концентрации на озон кои ја надминуваат целната вредност за заштита на човековото здравје е пониска и изнесува 9 и 5%, додека во 2020 и 2021 година изнесува 0%.

Во периодот од 2004 до 2009 и 2018 до 2019 година има изложеност на населението на концентрации над целната вредност од 120 mg/m3 повеќе од 50 дена во текот на една календарска година. Процент на изложеност на населението на концентрации над целната вредност од 120 mg/m3 над 25 до 50 дена во една година има во текот на целиот анализиран период освен во 2005, 2008, 2012, 2014, 2016, 2017, 2018, 2019 и 2021година. Во 2020 година 100% од населението не е изложено ниту еден ден на концентрации над целната вредност од 120 mg/m3. Во 2021 година 80% од населението не е изложено ниту еден ден на концентрации над целната вредност од 120 mg/m3, додека останатите 20% се изложени од 1 до 25 дена на концентрации над целната вредност од 120 mg/m3.

На следниот графикон е прикажана 26та највисока максимална средна концентрација на О3.

Графикон 3: 26та највисока максимална осумчасовна средна концентрација на О3CSI 004 2022 O3_g3

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Македонски информативен центар за животна средина (http://www.moepp.gov.mk)

Концентрациите на O3 обично се зголемуваат со зголемувањето на надморската висина, па така концентрациите на O3 во мониторинг станиците поставени на поголема надморска висина може да бидат повисоки споредено со станиците поставени на пониска надморска висина. Во урбаните средини, озонот се разградува со хемиски реакции на NO и се формира NO2. Затоа, за разлика од другите загадувачки супстанци, концентрациите на O3 се највисоки во руралните места, пониски во урбаните делови, а најниски во деловите каде што има сообраќај. Затоа во Скопје има пониски концентрации на О3. Понекогаш, при епизоди на висока соларна радијација и температура, високи концентрации на O3 може да се појават и во урбаните средини. Во урбаните области, намалувањето на емисиите на NOx може да доведе до зголемување на концентрациите на O3. Меѓутоа, концентрациите на O3 не ги одредуваат само емисиите на гасовите реактанти, туку големо влијание имаат и метеоролошките услови. Епизодите со зголемени концентрации на O3 се појавуваат во периоди на топло сончево време бидејќи сончевата светлина и високите температури одат во прилог на формирањето на O3. Па така како се оди појужно во државата концентрациите на О3 се повисоки. Затоа на мерното место Струмица се бележат повисоки концентрации на озон. Додека пак концентрациите во Скопје се пониски поради тоа што Скопје е град со најголем сообраќаен метеж.

Во периодот од 2004 до 2006 година концентраците на озон е повисоки и постабилни односно нема некој јасен тренд на растење или опаѓање, додека од 2007 година па наваму се чини дека концентрациите на озон малку опаѓаат додека во 2018 и 2019 има многу благо покачување главно поради концентрациите од новата мониторинг станица поставена во Струмица. Во 2020 година концентрациите повторно опаѓаат меѓутоа од ова мерно место податоците не се земени во предвид поради ниската покриеност. Во 2021 година повторно има благо покачување на концентрациите и покриеност со податоци имаме од сите мерни места вклучувајќи ја и новата мониторинг станица поставена исто така во јужниот дел на Републиката во Гевгелија.

Изложувањето на озон се смета дека е најопасна за вегетацијата во споредба со која било друга загадувачка супстанца во воздухот. Озонот може да има значително влијание врз растот на дрвјата, потоа врз културите како пченица, соја и ориз како и врз вегетацијата во целина. Од тие причини, високите концентрации на озон може да предизвикаат значителни економски загуби во шумското стопанство и земјоделството. Озонот исто така е штетен по човековото здравје.

Надминувањата на долгорочните цели за озон се дожат на географската местоположба на државата во јужниот дел на Европа која се одликува со голем број на сончеви денови во текот на летниот период.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

За секоја станица поставена во урбана средина, се пресметува бројот на денови кога максималната дневна 8-часовна средна вредност на озонот ја надминува целната вредност за заштита на човековото здравје – 120 μg/m3. Селектираните урбани станици вклучуваат станици од типот: станици кои го покажуваат загадувањето од сообраќајот, станици кои го покажуваат загадувањето од индустријата и урбани позадински станици. Бројот на денови кога има надминување во еден град се добиваат со земање на средна вредност на резултатите од сите станици поставени во тој град.

  • Методолошка несигурност и несигурност на податоците

Податоците, генерално, не се репрезентативни за целата урбана средина во Република Македонија. За разлика од дефинираната методологија на Европската агенција за животна средина, каде за пресметување на индикаторот се користат само податоци од урбани позадински станици, ние за пресметка ги искористивме податоците од сите станици поставени во урбани средини. Исто така, поради минималниот број на мониторинг станици, во пресметките на индикаторот се земени оние станици каде што покриеноста со податоци е помала од 75% по календарска година.Како несигурност може да се смета и тоа што во пресметката на индикаторот до 2020 година, земен е бројот на жители по градовите согласно пописот на население спроведен од Државниот завод за статистика во 2002 година, наместо проценет број на население за секоја година поединечно.

Цели

Во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните ведности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, се дефинирани граничните вредности за O3.

Целни вредности за концентрации на озон во амбиентниот воздух

Во согласност со горенаведената Уредба за озонот, дефинирани се целна вредност за заштита на човековото здравје и долгорочна цел за заштита на човековото здравје.

  • Целната вредност за заштита на човековото здравје за озонот е определена на тој начин што 8-часовната средна вредност се пресметува од едночасовните концентрации за секој ден. Максималната дневна 8-часовна средна вредност на озонот не треба да ја надмине вредноста од 120 μg/m3 повеќе од 25 денови во текот на годината (пресметано како средна вредност за три години). Оваа целна вредност треба да се достигне до 2010 година.
  • Во Уредбата е дефинирана и долгорочната цел за заштита на човековото здравје од 120 μg/m3, како максимална дневна 8-часовна средна вредност во текот на календарска година.
Обврска за известување
  • Европска агенција за животна средина

–   Размена на податоците за квалитет на воздухот, во согласност со имплементационата одлука во која се дадени правилата на директивите 2004/107/EC и 2008/50/EC на Европскиот парламент и на Советот во однос на реципрочна размена на информации и известување за квалитет на амбиентен воздух (Одлука 2011/850/EC).

  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Здравство,
Код на индикаторот MK НИ 004 – 4 Временска покриеност 2004-2021
Име на индикаторот Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја – O3 Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање – Македонски информативен центар за животна средина
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 29.07.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Никола Голубов
Анета Стефановска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
N.Golubov@moepp.gov.mk
А.
Stefanovska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја –O3 EEA – Европска агенција за животна средина IND-34-en CSI 004 , AIR 003 Exceedance of air quality standards in urban areas
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A2/17 – Annual average concentration of ground-level ozone
Каталог на индикатори за животна средина 19 – Exceedance of air quality standards in urban areas (EEA_CSI004)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
11.11.2022