Индикаторот ги следи трендовите на емисиите од антропогени извори на супстанците што предизвикуваат киселост, односно процеси на закиселување во воздухот. Тоа се азотни оксиди, и сулфур диоксид, при што моќноста за предизвикување киселост на секоја од нив се мери според потенцијалот за закиселување.
Индикаторот, исто така, обезбедува информации за емисиите по сектори: производство и претворање на енергијата, патен и друг транспорт, индустрија (од процеси и енергија), фугитивни емисии, отпад, земјоделство и останати сектори.
- kt (еквивалент на закиселување)
Каков прогрес е направен во вкупната редукција на емисиите на загадувачките супстанци кои предизвикуваат закиселување на воздухот?
За споредба со 1990 година во 2022 година, вкупните емисии на загадувачките супстанци кои предизвикуваат закиселување се намалени за околу 50% (NOx), додека во однос на (SOx) се намалени за 15%.
Во однос на тренд на намалување на емисиите NOx, максимална вредност на вкупни национални емисии на NOx е забележана во 1990 година и таа изнесува 45.6 kt. Во 2022 година вкупните емисии изнесуваат 22.7 kt, што претставува историски најниска годишна вредност, а во однос на 2021 година се зголемени за 8%, заради зголемена употреба на мазут и работа на термоелектраната ТЕЦ Неготино.
Што се однесува до емисиите на SOx забележан е скок во 2019 година, додека во 2020 година емисиите се намалени, но не на нивото од 2018 година. Во споредба со 2021 година, емисиите во 2022 година се зголемени за 2%, а во однос на 1990 година емисиите се намалени за 19%. Исто така, треба да се забележи дека 2022 година се направени пресметки на емисиите на оваа загадувачки супстанца, а не се земени во предвид мерењата заради големите разлики во вредностите на волуменските текови на издувните гасови во мерењата направени во различни месеци во текот на годината.
Значителна редукција на SOx би се остварила по воведување на десулфуризација во најголемата инсталација за производство на електрична енергија РЕК Битола. Според издадената дозвола за оваа компанија оваа мерка треба да се спроведе до 2027 година.
Азотните оксиди во периодот на известување се редуцирани за 50%, од кои најголем дел од секторот производство на енергија (за 74%), а понатамошна редукција во следните години се очекува од секторот сообраќај со обновување на возниот парк и подобрување на јавниот превоз, но и во иднина со воведување на построги гранични вредности за емисиите кои ги испуштаат големите согорувачки постројки и индустријата и градежништвото, од согорување на горива.
За споредба со 1990 година во 2022 година, вкупните емисии на загадувачките супстанци кои предизвикуваат закиселување се намалени за околу 50% (NOx), додека во однос на (SOx) се намалени за 15%.
Во однос на тренд на намалување на емисиите NOx, максимална вредност на вкупни национални емисии на NOx е забележана во 1990 година и таа изнесува 45.6 kt. Во 2022 година вкупните емисии изнесуваат 22.7 kt, што претставува историски најниска годишна вредност, а во однос на 2021 година се зголемени за 8%, заради зголемена употреба на мазут и работа на термоелектраната ТЕЦ Неготино.
Што се однесува до емисиите на SOx забележан е скок во 2019 година, додека во 2020 година емисиите се намалени, но не на нивото од 2018 година. Во споредба со 2021 година, емисиите во 2022 година се зголемени за 2%, а во однос на 1990 година емисиите се намалени за 19%. Исто така, треба да се забележи дека 2022 година се направени пресметки на емисиите на оваа загадувачки супстанца, а не се земени во предвид мерењата заради големите разлики во вредностите на волуменските текови на издувните гасови во мерењата направени во различни месеци во текот на годината.
Значителна редукција на SOx би се остварила по воведување на десулфуризација во најголемата инсталација за производство на електрична енергија РЕК Битола. Според издадената дозвола за оваа компанија оваа мерка треба да се спроведе до 2027 година.
Азотните оксиди во периодот на известување се редуцирани за 50%, од кои најголем дел од секторот производство на енергија (за 74%), а понатамошна редукција во следните години се очекува од секторот сообраќај со обновување на возниот парк и подобрување на јавниот превоз, но и во иднина со воведување на построги гранични вредности за емисиите кои ги испуштаат големите согорувачки постројки и индустријата и градежништвото, од согорување на горива.
На подолу дадениот графикон прикажан е годишен тренд на емисиите на загадувачките кои предизвикуваат закиселување за период 1990 до 2022 година.
Графикон 1. Тренд на емисии за азотни оксиди и сулфур диоксид
Може и во двата случаи да се забележи променлив тренд со опаѓачки карактер започнувајќи од 2012-2013 година.
Причините за намалувањето на NOx во последните години се должи, главно и првенствено на значително намалените емисии (74% за периодот 1990-2022) од NFR категоријата производство и дистрибуција на енергија заради намалена работа на РЕК Осломеј и модернизација на котлите на РЕК Битола и намалената потрошувачка на јаглен и мазут. Заради стариот возен парк (најмногу од автомобилите припаѓаат на ЕУРО класите 1-4 I) нема значителни редукции на емисија на оваа загадувачка супстанца од патниот сообраќај. Треба да се напомене дека заради расположливост на детални податоци за возниот парк, за периодот 2005-2020 година се применува методологија на пресметка на емисиите на ниво 3, додека за претходните години пресметките се вршени со примена на методологија на ниво 1.
Трендот од 2016 година е стабилен со ниски варијации помеѓу годините. Поголем прогрес во редукција на емисиите на NOx се очекува со обновување на возниот парк, подобрување на јавниот превоз и зголемување на уделот на обновливи извори во производство на електрична енергија, потоа дефинирање на построги ГВЕ во ИСКЗ дозволата на РЕК Битола во која ќе бидат дадени активности за дополнително намалување на емисиите на азотни оксиди преку процес на модернизација на блокот 1 од термоелектраната, како и построги ГВЕ во ИСКЗ дозволите за согорување на горивата од индустријата, кои се очекува да се дефинираат во подзаконските акти од новиот Закон за индустриски емисии, кој треба да се донесе во текот на оваа година
Во период 2012-2018 започнува тренд на опаѓање на SOx заради намалена потрошувачка на јаглен и мазут во термоелектраните. Сепак, нема значителна редукција на оваа загадувачка супстанца споредбено со другите европски земји бидејќи во инсталациите за производство на електрична енергија не се спроведени најдобри достапни техники за редукција на сулфурните оксиди кои произлегуваат од употребата на јаглен со голема количина на сулфур како и зголеменото количество мазут кое се користи првенствено од страна на РЕК Битола во последните неколку години. Од друга страна, намалени се емисиите на SO2 од согорувањето на горивата во индустријата и административните капацитети што се должи на примената на мазут со содржина на сулфур до 1%.
Сепак, оваа редукција нема значително намалување на вкупните емисии имајќи предвид дека уделот на емисии од инсталациите за производство на електрична енергија е клучен и во 2022 година и изнесува околу 95%. Во 2019 година има нагло зголемување на SOx емисиите поради зголемената употреба на јаглен со поголема содржина на сулфур и поголемо производство на електрична енергија во споредба со 2018 година. Но, во 2020 година емисиите повторно се намалуваат поради помалата потрошувачка на јаглен и тешки горива, но не на ниво на 2018. Во споредба со 2021 година, емисиите во 2022 година се зголемени за 2%, а во однос на 1990 година емисиите се намалени за 19%. Исто така, треба да се забележи дека 2022 година се направени пресметки на емисиите на оваа загадувачка супстанца, а не се земени во предвид мерењата заради големите разлики во вредностите на волуменските текови на издувните гасови во мерењата направени во различни месеци во текот на годината.
За да се направи пак оценка на уделите на различните сектори во целокупниот извештаен период, направена е пресметка на емисиите по NFR категории.
На следниот графикон се прикажани националните емисии пo NFR категории за период 1990-2022 од каде може да утврди уделот на изворите во целокупниот тренд. Со цел усогласеност со Инвентарот, кој се доставува во Обединетите нации и ЕЕА, не се земени предвид другите сектори како природни извори, кои не се вклучуваат во вкупните национални емисии.
Графикон 2. Вкупни емисии на SOx по сектори на годишно ниво
Секторот Производство и дистрибуција на енергија е клучен и доминантен извор во просек од 80-90 % во целиот извештаен период. Така, во 2022 година, речиси сите емисии на SOx потекнуваат од секторот Производство и дистрибуција на енергија (97%), додека само околу 2.8% од вкупните национални емисии на SОx, потекнуваат од категоријата 1.A.2 Согорување на производни индустрии и градежништво.
На следниот графикон се прикажани националните емисии на втората загадувачка супстанца NOx, која предизвикува киселост пo NFR категории за период 1990-2022 година, од каде може да утврди уделот на изворите во целокупниот тренд. Трендот е променлив, но со мали повторувачки падови до 2021 година. Остриот пад на емисиите (кој се забележува во категоријата производство на енергија) помеѓу 2012 и 2015 година се должи на помалата потрошувачка на јаглен во големите електрани и модернизацијата на котлите во електраната РЕК Битола. Во периодот 2016–2018 година емисиите се стабилни. Во споредба со 2022 година, емисиите во 2021 година се повисоки за 8%, поради зголемена употреба на мазут во термоцентралите
Графикон 3. Вкупни емисии на NOx по сектори на годишно ниво
Имајќи предвид дека азотните оксиди се еден од производите при процесот на согорување на горивата, во целиот период 1990-2022 година во вкупните емисии на овие загадувачки супстанци изразени како азот диоксид најголем удел имаат три NFR категории, и тоа: 1.А.1 Производство на енергија, 1.А.2 Согорување во производни индустрии и градежништво и 1.А.3 Транспорт. Во 1990 година овие категории учествуваа во вкупните емисии на NOx со удели од 53%, 20% и 21%, соодветно, додека во 2022 година емисиите се намалени, а клучните категории учествуваат со 28%, 21% и 40% соодветно од секоја од наведените категории, споредено со 1990 година. Од оваа споредба може да се увиди влијаните на имплементацијата на добро достапните техники кај клучниот извор на оваа загадувачка супстанца.
Во однос пак на постигнатите цели во 2022 година, SОx се под националните граници плафони дефинирани во Гетеборшкиот протокол и Правилникот за количините на горните граници-плафоните, 1990 година за SOx (согласно Протоколот во врска со понатамошното намалување на емисиите на сулфурни оксиди, а не е постигната целта од намалување на сулфурни оксиди за 30 проценти споредбено со 1980 година (вкупните емисии на SОx треба да изнесуваат 47 kt или помалку). Оваа цел ќе се оствари со воведувањето на десулфуризација во РЕК Битола. Заради фактот што ова мерка не е имплементирана не е постигнат националниот плафон за редукција на емисија на SOx. Воедно плафонот за емисии од големи согорувачки постројки опфатени со НПНЕ (Национален план за намалување на емисиите) за 2022 година за SOx е повторно надминат.
Од друга страна, NOx емисиите во 2022 година иако се повисоки во однос на претходната година, сепак се во согласност со Гетеборшкиот протокол и со Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или нивно прекугранично пренесување. Исто така, плафонот за емисии за NOx од големи согорувачки постројки опфатени со НПНЕ за 2022 година не е надминат.
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envzewhna/ Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Методологијата за пресметка на овој индикатор се базира на собирање и пресметка на податоци за емисиите на годишно ниво, на ниво на држава, на SO2, и NOx како вкупно, така и распределени по сектори, односно дејности.
Пресметките се во согласност со упатствата на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето – UNECE/EMEPConventiononLong-RangeTransboundaryAtmosphericPollution (LRTAPConvention), како и употреба на SNAP – селективна номенклатура на аерозагадувањето. Во однос на овој индикатор, бидејќи треба да се изрази особината и потенцијалот на киселост, користени се фактори. Овие фактори изнесуваат за NOx 0.02174 и за SO2 0.03125. Резултатите се изразени во килотони еквивалент на киселост.
- Методолошка несигурност и несигурност на податоците
Употребата на факторите со потенцијал за закиселување (ацидификација) водат до одредена несигурност. Исто така, во Република Македонија само во енергетскиот сектор се користат национални емисини фактори добиени врз основа на мерења. Во однос на останатите сектори се користат стандарди емисиони фактори од Упатството на ЕМЕП/ЕЕА за инвентарот на загадувачки супстанци во воздухот. Се претпоставува дека факторите се репрезентативни за Европа во целина; на локално ниво, може да се проценуваат различни фактори. Опсежна дискусија за несигурноста на овие фактори може да се најде во deLeeuw (2002). Во однос на ратата на активност несигурноста произлегува од податоците кои се преземаат од Статистичкиот годишник и останати извори. За дефинирање на ратата на активност која не е барана форма се прават експертски естимации кои содржат несигурност.
- Извор за користената методологија
Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 година и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013 и http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019), https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2023
Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на азотните и сулфурни оксиди зацртани се следните цели:
Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на сулфурни оксиди зацртани се следните цели:
- Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
- како цел има редовна инвентаризација на сулфурни оксиди, изразени како SO2, и азотни оксиди изразени како NO2 во килотони на година за период 1990- n-2, каде n е тековната година.
- Гетеборшки протокол и Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно нивово кој е транспонирана Директива 2001/81/ЕC,воведуваат:
- национална граница – плафон за емисиите на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид од 110 килотони
- национална граница- плафон за емисиите на азотни оксиди изразени како азот диоксид од 39 килотони
- Протокол за намалување на емисиите на сулфурни оксиди или на нивното прекугранично пренесување кој воведувацел:
- Намалување од најмалку за 30 проценти на националните емисии на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид сметајќи од 1980 г.
- Протоколот во врска со понатамошното намалување на емисиите на сулфурни оксиди, кој воведува цел:
- емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1990 година.
- Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или нивно прекугранично пренесување, кој воведува цел:
- емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1987 година.
- Согласно договорот со Енергетска заедница усвоен е Националниот план за намалување на емисиите (NERP) од LCP (Големи согорувачки постројки), ги воведува следните плафони:
- вкупниот плафон за SOx од емисии од големи согорувачки постројки треба да изнесува:
- 15855тони за 2018-2023година.
- 12634тони за 2024 година.
- 9412 тони за 2025 година.
- 6191тони за 2026година.
- 6191тони за 2027 година.
- вкупниот плафон за NOx од емисии од големи согорувачки постројки треба да изнесува:
- 15505 тони за 2018 година.
- 14088 тони за 2019 година.
- 12672 тони 2020 година.
- 11255 тони за 2021 година.
- 9838 тони за 2022 година.
- 8422 тони за 2023 година.
- 7674 тони за 2024 година.
- 6927 тони 2025 година.
- 6179 тони за 2026-2027 година.
- Обврските за известување кон меѓународни договори -Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето, како и ЕЕА
- Обврска за известување до Енергетската заедица согласно наведени национални плафони за NOx и SOx за период 2018-2027 година Националниот план за намалување на емисиите од големи согорувачки постројки.
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
МК НИ 001 Емисии на супстанци што предизвикуваат ацидификација (закиселување)
|
EEA – Европска агенција за животна средина | IND-5-en Also known as: CSI 001 , APE 007 Emissions of acidifying substances |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | A1/1,2 – Emissions of pollutants into the atmospheric air | |
Каталог на индикатори за животна средина | 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010) | |
SDG – Цели за одржлив развој | 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution 9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added 11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted) |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |