Континуираната поддршка на Туркије продолжува и во наредниот период

Новости
Амбасадорот на Република Туркије во земјава, упати честитки за превземањето на новите функции во Владата.
Континуираната поддршка на Туркије продолжува и во наредниот период
22.07.2024
Амбасадорот на Република Туркије во земјава, упати честитки за превземањето на новите функции во Владата.

Амбасадорот на Република Туркије во земјава, Н.Е. Фатих Улусој на денешната средба со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити му упати честитки за превземањето на новите функции во Владата.

 

Континуираната поддршка на Туркије продолжува и во наредниот период

 

Меџити изрази благодарност за континуираната поддршката што Република Туркије ја дава на нашата држава и на заедниците што живеат во неа.

 

Континуираната поддршка на Туркије продолжува и во наредниот период

 

Амбасадорот Улусој потврди дека таа поддршка ќе продолжи и во наредниот период, а во делот на заштита на животната средина ќе биде фокусирана на управување со водите, врз основа на Меморандумот за соработка што го потпишаа владите на Северна Македонија и Туркије.

Submitted by alfa4 on 22.07.2024 - 08:40