Новости
Средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер.
22.07.2024
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, имаше средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер.
Се разговараше за плановите и предизвиците со кои се соочува новата Влада, како и за превземените обврски во процесот на декарбонизација и користењето на обновливи извори на енергија.
Германија е традиционален поддржувач на нашата држава во нејзиниот економски и демократски развој, вклучително и во напредокот и исполнувањето на обврските кон ЕУ и кон меѓународната заедница, затоа досегашната плодна взаемна соработка ќе продолжи во тој правец.