Олимпијада 2004

Подобро презентирање на земјата од аспект на националното природно и културно богатство
Министерство за животна средина и просторно планирање
Главни цели на проектот

Во врска со одржувањето на престојните Олимписки игри во Атина, август 2004, и очекувањата на Р.Македонија за транзитирање на околу 1,5 милион туристи, а со цел што подобро презентирање на земјата од аспект на националното природно и културно богатство, Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на заеднички проект со Министерството за култура и Министерството за економија, пристапи кон изработка на репрезентативен материјал за оваа намена.

Имено во таа насока Информативниот центар за животна средина во соработка со службата за просторен информативен систем и службата за животна средина изработи:

  • репрезентативна веб страна за природното наследство на Р.Македонија
  • ЦД со фото албум за природните убавини на републиката
  • туристичка карта со означени природни и културни реткости
  • билборди
Проектни компоненти-резултати

Веб страницата е конципирана во две насоки, едната преку карта на која со непосредно кликање на соодветна локација, се отвара страницата со слики и содржина за конкретната локација, другата организациски осмислена така што целото природно богатство е поделено во 3 групи презентирани на веб страниците преку 3 менија:

  • Национални паркови
  • Строги природни резервати
  • Споменици на природата

Така се овозможува корисникот да пребарува и по картата на републиката т.е. да се ориентира каде кој објект на природата се наоѓа, зависно од планираната насоката на движење на пат до Атина, како и по конкретна интересна група на природни убавини.

Корисниците на Интернет медиумот можат страницата да ја погледаат на адреса: www.moe.gov.mk/prirodnonasledstvo или преку официјалната страница на Р. Македонија поставена на страницата на со адреса: www.athens2004-mk.gov.mk во делот Macedonia/Natural resources. Оваа страница содржи информации и податоци за сите свери на опшественото живеење кои би можеле да бидат интересни за странските посетители.

ЦД со фото албумот содржи Power Point презентација преку која визуелно се доближуваме до атрактивните природни убавини на земјата.

Количината на отпечатени ЦД-а брои 5000 копии респективно поделени по горенаведените министерства, и по нашите конзуларни претставништа и амбасади со цел истите да се дистрибуираат на потенцијално заинтересираните патувачи.

Туристичка карта

Картата е осмислена како двостран информатор во насока “кој локалитет го буди вашето интересирање” и “каде истиот можеме да го најдеме”.

Значи на првата страница е отпечатена картата на Р.Македонија со легенда која ги содржи сите позначајни објекти на природата и културата , додека на задната страница покрај фактографските податоци за големината на републиката, населеност, официјален јазик, конвертабилна валута се претставени најатрактивните места со репрезентативна слика и кратка содржина за конкретното место “зошто?” истото треба да се посети.

Туристичката карта ќе се отпечати во количина од 150 000 примероци и ќе биде бесплатно разделувања на сите гранични премини и аеродроми на пасошката контрола какои по попатните стојалишта низ републикава (бензински пумпи, мотели, наплатни рампи..).

Билборди

На сите гранични премини во Државава како и во двете аеродромски згради на Скопскиот и Охридскиот аеродром ќе бидат поставени  билборди со содржини од нашето културно и природно наследство кои треба да го привлечат вниманието на посетителите.

На билбордите ќе бидат поставени слики од локалитетите: Стоби, Осоговски Манастир, Охрид и Дојран и картата на Република Македонија со назначената патна мрежа и места интересни за туристите.

Секој од овие продукти треба во целост да ја зголемат заинтересираноста на светот за запознавање со нашата татковина и пријатен престој во туристичките капацитети подготвени за овој мега настан.

Датум на започнување
Датум на завршување
Статус на проект
Завршен
Сектор одговорен за спроведување
Сектор Македонски информативен центар за животна средина