Состанок со директорот на Енергетска заедница Лорковски

Новости
На средбата беше информирано за соработката со Енергетската заедница во областите животна средина и климатска акција
Состанок со директорот на Енергетска заедница Лорковски
09.07.2024
На барање на Секретаријатот на Енергетската заедница, денес, во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа средба

меѓу првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина Меџити и директорот на Енергетската заедница, Лорковски.

 

На средбата беше информирано за соработката со Енергетската заедница во областите животна средина и климатска акција, Патоказот за декарбонизација и врската со Планот за раст и пакетот за мониторинг известување и верификација на емисиите на стакленичките гасови.

Министерот Меџити истакна дека работата на климатските промени и декарбонизацијата претставува висок приоритет на Министерството и најави дека ќе се работи на формирање на потребната административна структура за имплементирање на обврските од Планот за раст.

 

 

Директорот Лорковски уште еднаш ја реафирмираше поддршката што Енергетската заедница континуирано ја дава на нашата држава, укажувајќи на обврските што произлегуваат од законодавството на ниво на ЕУ во делот на големите согорувачки инсталации и потребата за јасен развоен правец во идниот национален план за енергија и клима.

Submitted by alfa4 on 09.07.2024 - 10:00