Каја Шукова

Февруари 2023 - Јуни 2024
Поранешен министер
Поранешен Министер за животна средина и просторно планирање
Телефон
Опис на работната позиција

Управување со функционирањето на министерството и органите во состав

Министер - надлежности

  • Управување и планирање на животната средина (Управување со проектен циклус)
  • Учество во подготовка на законски акти, хармонизација со ЕУ, процес на скрининг и преговори
  • Управување со животната средина во насока на одржлив развој и заштита на воздух, води, почви и природни ресурси од загадување (во корелација со политиките на секторите енергетика, транспорт, земјоделие итн)
  • Развивање на политики, програми и проекти од областа на животна средина и одржлив развој
  • Координација на институционални и инфраструктурни проекти од областа животна средина, со особен акцент на управување со води и отпад
  • Координација на институционални проекти од сегментот одржлив развој во Македонија
  • Подготовка на работни задачи, тендерски досиеја, анализи, извештаи и останати работни документи од областа животна средина
  • Фасилитирање на работилници, семинари, обуки, јавни дебати и сл.
Образование
1989 – 1995 Дипломиран инж.технолог (прехранбена биотехнологија) VII/1 - Технолошко-металуршки факултет Скопје
Обуки и усовршување
РИП телеком програма, Обука за управување и подготовка на проекти, проектен циклус, проектен менаџмент, 2001/2002
Обука во САД, Меѓународна програма за лидерско управување – управување со води на САД, 2011
JICA, Токио Јапонија, тренинг програма за управување со води, 2009
Низа на локални обуки од областа управување со животна средина, проектен менаџмент, администрација и слично
Информатички технологии
Има општо познавање од информатички технологии
Останати јазици
Англиски
Германски
Работно искуство
Од 27 Февруари 2023 - Министер за животна средина и просторно планирање
10.2020-02.2023 - Министерство за животна средина и просторно планирање - Државен секретар
06.2001-10.2020 - Министерство за животна средина и просторно планирање - Раководител на сектор за одржлив развој и инвестиции
05.2000-05.2001 - Министерство за животна средина, Сектор за одржлив развој Одделение за подготовка на проекти, Советник
12.1999-04.2000 - Министерство за животна средина, Сектор за меѓународна соработка, Советник
02.1999-11.1999 - Министерство за животна средина, Одделение за еко-менаџмент, Договор на дело
11.1998-01.1999 - Министерство за градежништво, урбанизам и животна средина, Договор на дело
1997-1998 - Пивара – Скопје, погонски инженер одговорен за производство на пиво и безалкохолни пијалоци
1996-1997 - МОТО ТРЕЈД - Скопје
1993-1994 - АИВА БЕК - Скопје
Реализирани проекти и активности
Копретседател на Подкомитет за транспорт, енергетика, регионален развој и животна средина, 2021 – тековно
Член на Комитет за европски интеграции 2022 – тековно
Претседател на Управен комитет на Програмата за заштита на природата, SECO, Swiss, 2021-тековно
Член на Генерален колегоум при Влада на РСМ по функција Државен секретар, 2020 – тековно
Член на Координативно тело при Влада на РСМ за Преспа, 2020- тековно