Со ваква мотивација, Република Северна Македонија и Американската Програма GLOBE, преку Министерството за образование и физичка култура на Република Северна Македонија, од една страна и Националната управа за океанографија и атмосфера на САД, од друга, склучија Договор за пристапување на Северна Македонија во Програмата, на 24 август 1998 година.
Активностите во рамките на GLOBE Програмата ги спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Македонскиот информативен центар за животна средина, а во соработка со Мировниот корпус во Северна Македонија и Министерството за образование и наука.
Национален GLOBE координатор
Катерина Николовска
Раководител на сектор – Македонски информативен центар за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање
плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3, 4-ти кат
1000 Скопје, Република Северна Македонија
k.nikolovska@moepp.gov.mk