Официјално конференцијата ја отвориг-дин Неџати Јакупи, Министер за животна средина и просторно планирање, а на отворањето учествуваа и г-дин Никола Тодоров, Министер за образование и наука,Н.Е. Филип Рикер, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонијаи г- дин Александар Петревски, Градоначалник на Охрид. Ова високо ниво на присуство ја рефлектираше важноста на GLOBE активностите во Република Македонија и благородноста на GLOBE мисијата, нејзините цели и достигнувања.
Првите два дена од конференцијата беа наменети за координаторите од земјите членки на GLOBE програмата кои дискутираа за своите активности и планови, додека другите денови беа посветени на обука на GLOBE професорите со цел да се зајакнат капацитетите во постигнување на подобри резултати во едукацијата на учениците, што е и главна цел на оваа програма. Во обуката на GLOBE професорите, посебно внимание беше посветено на кампањата за климатски промени што е и главна тема на претстојниот GLOBE Самит на млади кој ќе се одржи во Холандија во 2012 година.
Обраќања
- Обраќање на г-дин Неџати Јакупи, Министер за животна средина и просторно планирање
- Обраќање на г-дин Никола Тодоров, Министер за образование и наука
- Обраќање на Н.Е. Филип Рикер, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија
Презентации:
Среда
Четврток
- Fundraising
- Alcoa Foundation
- GLOBE Student Climate Research Campaign
Петок
Urban Heat Island Effect
- Aerosols:
- Carbon Cycle (not available yet)
- Phenology (not available yet)
Сабота