Насер Нуредини

јуни 2019 - февруари 2023
Поранешен министер

Насер Нуредини е роден во Тетово, Северна Македонија. Тој се преселил во Виена како дете и бил едуциран во Виенската меѓународна школа, пред да го заврши своето високо образование во Обединетото Кралство.

Насер Нуредини ја изгради својата кариера во областа на финансиите во Лондон и Виена, најпрво како аналитичар, а потоа и како инвестициски менаџер за пазарите во Централна и Источна Европа.

Неговата главна цел во овој период беше да се привлечат квалитетни, чисти и зелени инвестиции во регионот во кој живее, при што го насочува своето прекугранично искуство  да биде мост помеѓу западниот и источниот дел.

Неговата посветеност за зелената економија допринесе да се оствари модерен пристап кон управувањето со животната средина, кој создава нови работни места, грижа за здравјето и долгорочна благосостојба на своите жители.

Образование
1998 - 2002 University of Brighton, East Sussex, BA (Hons) in “International Business“, Велика Британија
2000 - 2001 Fachhochschule Mainz “International Business“, Германија
1989 - 1998 Vienna International School “International Baccalaureate”, Австрија
1986 - 1989 ОУ Сабидин Бајрами, Р. Северна Македонија
Членство во стручно-научни здруженија
Член ФЦА на Обединето Кралство на Велика Британија
Член на Xetra, Eurex dhe Euronext
Организација на две хуманитарни активности како што се: “St Anna Kinderspital” за борба против рак и друг фонд за деца со лимитирани способности.
Останати јазици
Албански
Англиски
Германски
Српски
Работно искуство
Од јуни 2019 год. до Февруари 2023 год. – Министер за животна средина и просторно планирање
Април 2016 - Nuredini GmbH, Виена, Директор, Советник
Септември 2014 – Март 2016 Acquisitor ltd BVI and THAL Discretionary Fund BVI, Виена-Монако, Директор за Менаџирање на средства и стратешки инвестиции
Март 2013 – Јуни 2014 MKS Management, Виена-Фреибург, Консултант
Јули 2011 – Ноември 2012 ING Bank NV, Лондон, Директор за инвестиции на листирани коорпорации во пазарот на Источна Европа
Јули 2006 - Јули 2011 UniCredit CAIB UK Ltd./UniCredit Bank AG, Лондон, Заменик претседател за Менаџирање на инвестиции во Источна Европа
Декември 2005 - Јуни 2006 CAIB International Markets Ltd., Лондон, Аналитичар за истражување на пазар на капиталот за листирани финансиски компании и недвижности во Источна Европа
Март 2004 - Ноември 2005 B.P. Invest Consult, Виена, Аналитичар