Општата цел на овој проект е да придонесе за понатамошно усогласување со ЕУ законодавството за климатските активности и да создаде поволна средина за успешно спроведување на приоритетните активности за ублажување развиени во рамките на долгорочната стратегија за климатска акција.
Целта на операцијата е спроведување на листата на приоритетни акции утврдена со долгорочната стратегија за климатски акцијаи Акцискиотплан за спроведување на Стратегијата за периодот до 2030 година (вклучувајќи го и Патоказот за имплементација на Законот за климатска акција).Предложените активности треба да се гледаат како пакет на правни и меѓуинституционални инструменти за интегрирана климатска акција.
Резултат 1: Компаративна анализа помеѓу националната и ЕУ правната и политичка рамка за климатските акции и препораки за понатамошно усогласување.
Резултат 2: Развиен механизам за емисии на стакленички гасови од стационарни инсталации
Резултат 3: Развиен систем за следење/известување/верификација (MRV) за политиките и мерките.
Резултат 4: Засилено партнерство за креирање научна политика за климатска акција.
Резултат 5: Вклучување на климатските политики и мерки на локално ниво и зајакнување на граѓанскиот ангажман.03182023