Соопштение за јавноста 29.07.2019 година

Соопштенија
Означување на албанскиот дел од Охридското Езеро како природно и културно светското наследство на УНЕСКО
Соопштение за јавноста 29.07.2019 година
29.07.2019
Ве информираме дека министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини

ќе присуствува и ќе се обрати на промотивниот настан што повод означувањето на албанскиот дел од Охридското Езеро како природно и културно светското наследство на УНЕСКО и потпишувањето на договорот за проектот “За зајакнување на управувањето со заедничкото прекугранично природно и културно наследство на Охридското Езеро ” ќе се одржи денес на 29 јули 2019 година, на отворено по Охридското Езеро, во градот Поградец, Албанија.

Настанот ќе започне во 17.00 и ќе трае до 20.00 часот.

На овој важен настан ќе се обратат и министерот за туризам и животна средина на Албанија Бленди Клоши, директор на IUCN на Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија Борис Ерг, министерот за култура на Албанија Елва Маргарити и албанскиот премиер Еди Рама.

 
Submitted by alfa4 on 29.07.2019 - 10:00