Информација за Студија за оцена на влијание врз животната средина

Соопштенија
Површински коп “Подинска јагленова серија – Суводол“ во општина Новаци, за потребите на инвеститорот АД “Електрани на Северна Македонија“ од Скопје и одржување на Јавна расправа
Унапредување на административен службеник во Министерството за животна средина и просторно планирање
25.10.2019
МЖСПП согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (С.в. бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 39/2016)

ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот АД “Електрани на Северна Македонија“ од Скопје, со седиште на ул. “11 Октомври“ бр. 9, Скопје, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Површински коп “Подинска јагленова серија – Суводол“ во општина Новаци, за потребите на инвеститорот АД “Електрани на Северна Македонија“ од Скопје.

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството со седиште на ул. “Кеј Димитар Влахов“ бр. 4 секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот и во просториите на Општина Новаци.

Согласно член 91 став 1 од Законот за животна средина, Јавната расправа поСтудијата за оцена на влијание врз животната средина запроектот – Површински коп “Подинска јагленова серија – Суводол“ во општина Новаци, ќе се одржи на ден 29.10.2019 година (вторник), со почеток во 12 часот во големата сала во просториите на Општина Новаци.

Submitted by alfa4 on 25.10.2019 - 10:00