Официјално пуштање во употреба на мониторинг станица за квалитет на воздух во Гевгелија

Соопштенија
Се организира официјално пуштање во употреба на новата станица за мониторинг на квалитет на воздух
Пуштање во употреба на мониторинг станица за квалитет на воздух во Гевгелија
14.10.2020
Во четврток, 15 октомври 2020, година ќе се организира официјално пуштање во употреба на новата станица за мониторинг на квалитет на воздух

Церемонијата ќе се одржи пред самата станица која е лоцирана во непосредна близина на детска градинка „Детска радост“ – клон „Сончогледи“, на улицата Ристо Јанев во Гевгелија, со почеток во 12 часот.

Свои обраќања ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

Набавката на мониторинг станицата е реализрана во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот период“, финансиран од INTERREG IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и – Република Северна Македонија 2014-2020.

Мониторинг станицата ќе биде дел од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, со кој управува Министерството за животна средина и просторно планирање.

Ги покануваме новинарите и фотографите да присуствуваат на настанот, при што задолжително е почитување на здравствените протоколи за организација на јавни настани (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus), што подразбира одржување на растојание, задолжително носење на заштитни маски и дезинфекција.

Submitted by alfa4 on 10.12.2020 - 10:00