За период од 2021-2025 година, беа презентирани резултатите од спроведувањето на Рамката во 2023 година, заедно со заедничкиот работен план за 2024 година, а се дисутираше и околу следните чекори за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој 2026 – 2030.
“Тоа ќе се реализира преку поддршка на политиките, градење капацитети и активности на заедницата за развој со ниски емисии и мултисекторска отпорност на климатските промени, одржливо и инклузивно управување со природните ресурси, превенција и одговор на заканите од загадувањето на воздухот, ефективно намалување на ризикот од катастрофи, намалување и ефикасно управување со отпадот и намалување на влијанието на неодржливите земјоделски практики врз сливните подрачја“ - истакна Оџаклиеска во своето обраќање.
Според неа, исполнувањето на глобалните климатски барања претставува значаен предизвик за земјите кои имаат цел да станат дел од европското семејство, а затоа неопходни се инвестициИ во инфраструктурата, создавање политички врски на високо ниво, стимулирање на младинска размена, како и развивање на интегрирани решенија и систематски пристап за да им се помогне на земјите во развој.
На состанокот, воведно обраќањe имаше постојаната координаторка на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак