Спроведување на законодавството за управување со отпад

Поддршка во спроведувањето на законодавството за управување со отпад и шемата за проширена одговорност на производителот
Министерство за животна средина и просторно планирање
Главни цели на проектот

Општата цел на овој проект е да овозможи ефикасно и ефективно работење на модерна, одговорна индустрија за рециклирање и обновување во земјата, следејќи ги принципите на циркуларната економија.
Специфичната цел е да се развијат професионални, испорачливи, одговорни и ефикасни шеми за проширена одговорност на производителот (ПОП), со што ќе се зајакнат капацитетите на надлежните национални органи за управување со отпад и засегнатите страни за модерно управување со отпадот и систем за евидентирање и известување преку интернет.

Проектни компоненти-резултати

Компонента I: Правна рамка

  • Резултат 1.1 Подготвени концепт-белешки, анализи на опции и нацрт-документи за оцена на влијанието за олеснување на процесот за вклучување на засегнатите страни во процесот на развивање на законодавството.
  • Резултат 1.2 Подготвени аналитички предуслови за подготовка на законодавството за воспоставување тело за балансирана одговорност на производителите (ТБО) со придружни подзаконски акти и документи вклучувајќи воведување меѓународни примери и детално објаснување на предложените документи.
  • Резултат 1.3 Идентификувани механизми за централна координација на активностите на производителите, колективните постапувачи и економските оператори.

Компонента II: Оперативен и административен капацитет

  • Резултат 2.1: Подобрен oперативен и административен капацитет на ТБО во рамките на ПОПза развивање на механизам за исполнување на неговата обврска од системот на ПОП, кои произлегуваат од новото законодавство во оваа област и кои воведуваат многу административни барања за министерството, производителите, колективните постапувачи и компании за рециклирање.
  • Резултат 2.2: Изработени процедури за точна контрола на количините на производи и амбалажа пласирани на пазарот во Северна Македонија. Оваа постапка треба да вклучува контрола на собраните отпадни материјали, обновени и рециклирани, за да се обезбеди начин за пресметување на пазарниот удел и следење на производителите, како и начин за известување и ревизија на горенаведеното.

Компонента III: Информатичка технологија

  • Резултат 3.1: Развиен електронски систем за собирање податоци и известување за ПОП системот.
Тип на проект
Tвининг договор
Вредност на проектот
1.000.000 eur
Датум на започнување
Датум на завршување
Статус на проект
Тековен
Корисници на проектот
Blue Planet Climate Protection Foundation (Kék Bolygó Klimavedermi Alpitvány)-Република Унгарија
Umweltbundesamt GmbH (Environment Agency Austria)-Република Австрија
Краен корисник
Министерството за животна средина и просторно планирање
Државен и општински инспекторат за животна средина, државен пазарен инспекторат, регионални центри за управување со отпад, производители, рециклатори, колективни шеми
НВО и сите релевантни чинители во системот за ПОП и ТБО
Сектор одговорен за спроведување
Сектор за отпад