Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска на работна средба ја прими делегацијата на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) предводена од Џери Дајбл, директорка на УСАИД за Северна Македонија.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа важна средба со министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу. Ова е прва официјална посета на министерот Алиу по формирањето на новата влада.
Во понеделник, на 14.10.2024, со почеток од 13 часот во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи настан на кој ќе се презентираат резултатите од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.
Информација за достапност на Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект - “Инсталација за реупотреба, обновување и рециклирање на литиум – јонски батерии“ во општина Македонски Брод, за потребите на инвеститорот “Друштво за управување со отпадна електрична и електронска опрема „ПОЛБЛУМЕ -ПОМ“ ДОО с. Челопек - Брвеница, подружница „ПОЛБЛУМЕ - ПОМ“ и информација за одржување на јавна расправа
Денес, 30 септември (понеделник) со почеток во 10:00 часот, во хотел „Арка“ во Старата Чаршија во Скопје, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе ја отвори Работилницата за животна средина и климатска акција која се спроведува во рамките на проектот „ИПА-Твининг“ со Европската Унија.