Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска беше дел од Австриско - македонскиот форум за животна средина што се одржи во Тетово.
Прага, 11.03.2025г. Денес, заменик министерката Ане Лашкоска, учествува на 3-тата сесија на Чешко-Македонскиот заеднички комитет за економска соработка која се одржува во Прага, Чешка Република.
Денес во Скопје, во коорганизација на Министерството за животна срдина и просторно планирање и Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) се одржа регионална конференција со која започнаа два големи регионални проекти предводени од – ADAPT 2.0 и Позеленување на Западен Балкан
Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Конкурс за доделување на квоти за увоз на флуорирани јаглеводороди (HFC) во 2025 година на кој можат да се јават правните лица кои се појавиле како увозници на флуорирани јаглеводороди (HFC) во периодот 2020-2023 година - стари увозници.
Врз основа на Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската Банка за обнова и РазвојМинистерот за животна средина и просторно планирање донесе Јавен повик за изразување интерес за консултантски услуги за Проект ″Регионален проект за цврст отпад″
Се известува заинтересираната јавност дека Министерството за животна средина и просторно планирање подготви прва нацрт верзија на Националната стратегија за управување со тиња 2024-2034 (НСУТ) што претставува национална политика за управување со тињата што се добива како резултат на преработка на урбаните отпадни води. НСУТ 2024-2034 е подготвена врз основа на законските барања од Законот за управување со отпад. ОВОЈ ПРОЕКТ Е ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА (NEAR/SKP/2021/EA-RP/0184)
Ги известуваме граѓаните на општина Кавадарци дека поради реконструкција на кружниот тек на раскрсницата помеѓу Западен Булевар и Булевар Моша Пијаде, инструментите од мониторинг системот се исклучени до завршувањето на градежните работи.
Домаќин на Светскиот ден на животната средина во 2024 година е Кралството Саудиска Арабија, со фокус на обновувањето на земјиштето, опустинувањето и отпорност на сушата. Реставрацијата на земјиштето е клучен столб на Декадата на ОН за обнова на екосистемот (2021-2030)
Денес, на тврдината „Кале“ и официјално се означи започнувањето на најголемата и најмасовна волонтерска акција за собирање и чистење на отпадот, “Генералка Викенд”, која по 4-ти пат ја организира компанијата ‘’МЕН & МАУНТАИН” заедно со партнерите на територијата на целата држава.
Министерството за животна средина и просторно планирање ја поканува заинтересираната јавност да присуствува на јавна расправа по Предлог актот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V- заштитен предел