Соопштение
03.03.2025
Се известува заинтересираната јавност дека Министерството за животна средина и просторно планирање подготви прва нацрт верзија на Националната стратегија за управување со тиња 2024-2034 (НСУТ) што претставува национална политика за управување со тињата што се добива како резултат на преработка на урбаните отпадни води. НСУТ 2024-2034 е подготвена врз основа на законските барања од Законот за управување со отпад. ОВОЈ ПРОЕКТ Е ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА (NEAR/SKP/2021/EA-RP/0184)
ЕЈУПИ: Проектот е директно поврзан со спроведувањето на Реформската агенда на државата
27.02.2025
Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ресми Ејупи се обрати на отварањето на почетната работилница на новиот проект од областа климатски промени: „Развој на првиот двогодишен извештај за транспарентност и комбинираниот втор двогодишен извештај за транспарентност и петтиот национален извештај за климатските промени на Северна Македонија
Меџити: Гасификацијата ќе го ублажи загадувањето за 50 до 70 отсто
26.02.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес ги прими претставниците на граѓанските организации: Центар за климатски промени, Милиеуконтакт Македонија, Еко-свест, Македонско еколошко друштво и Македонско здружение на млади правници што работат на полето на заштита и унапредување со животна средина и климатски промени
Меџити: Се усогласуваме со новите директиви на еу за контрола на индустриското загадување
25.02.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес беше дел од официјалното затварање на проектот за зајакнување на административните капацитети во национално и локално ниво, за ефективно спроведување на европското законодавство од областа на индустриското загадување.
СЕА Известување
25.02.2025
Се известува заинтересираната јавност дека Управата за животна средина при МЖСПП, согласно донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина, отпочна процедура за стратегиска оцена на животната средина за нацрт Националната стратегија за управување со тиња (2024-2034) и подготви нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина
Меџити се сретна со директорот на секретаријатот на енергетската заедница Артур Лорковски
24.02.2025
На барање на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Г-н Лорковски одржа билатерална средба на која се дискутираше за повеќе прашања, како што се Законот за климатска акција, измените на законот за животна средина, директивата за еколошка одговорност, како и за националниот план за редукција на емисии