Продолжува соработката со Швајцарија за подобрување на условите на живот на граѓаните

30.10.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес оствари средба со Мариса Руоз програмскиот менаџер на Државен секретаријата за економски работи на Швајцарија (SECO)

Изет Меџити се сретна со шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортиз

30.10.2024
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.

Во пресрет на 29-та Конференција на Страните на Конвенцијата на ООН за климатски промени се презентираа националите позиции

30.10.2024
Скопје, 30.10.20124 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, во пресрет на 29-тата Конференција на страните за климатски промени (COP29) што треба да се одржи на почеток на ноември во Баку, Азербејџан, денес учевствуваше на настан организаиран од УНДП за претставување на ставовите на нашата држава што ќе се презентираат на овој климатски самит.

Лашкоска: Завршен системот за водоснабдување на Делчево, обезбедуваме питка вода за секој поединец

28.10.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, заедно со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Скопје Вероник Улман и градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски, денеска присуствуваа на свеченоста по повод официјалното пуштање во употреба на пречистителната станица за вода за пиење во с. Тработивиште, oпштина Делчево

Соопштение

28.10.2024
Ве известуваме дека утре, вторник 29 Октомври 2024 година со почеток во 13.00 часот во Арена Борис Трајковски во Скопје, првиот Заменик претседател на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање г-дин Изет Меџити ќе учевствува и ќе имаме обраќање на свеченото отварање на Саемот Енерго-Технома 2024.

Меџити: Подготвени сме да се соочиме со предизвиците во животната средина

25.10.2024
Скопје, 25.10.2024 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина Изет Меџити денеска учевствуваше на панел дискусијата "100% посветени за тебе" на која кој се осврна на најактуелните прашања во животната средина. 

Меџити: Полог заслужува повеќе, ние работиме за оваа цел

24.10.2024
Теарце 24.10.2024 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска изврши увид во работите за изградба на две капитални  инвестиции кои овозможуваат квалитетна вода за пиење за жителите на Першовце и Глоѓи на општина Теарце.

Лашкоска: Прекуграничната соработка во управувањето со водите претставува камен-темелник за климатска адаптација во нашата држава

24.10.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на 10-тата сесија на Состанокот на страните на Конвенцијата за води на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) , што деновиве се одржува во Љубљана, Словенија.

Чистење на депонијата во ОХИС

24.10.2024
​​​​​​​Скопје, 23.10.2024г. - На вчерашаната 27ма Седница, Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата  наменети за чистење на контаминираната локација во ОХИС на сметката на Мулти-партнерскиот  фонд за животна средина, во висина од 24.453.000 денари.