Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес оствари средба со Мариса Руоз програмскиот менаџер на Државен секретаријата за економски работи на Швајцарија (SECO)
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.
Скопје, 30.10.20124 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, во пресрет на 29-тата Конференција на страните за климатски промени (COP29) што треба да се одржи на почеток на ноември во Баку, Азербејџан, денес учевствуваше на настан организаиран од УНДП за претставување на ставовите на нашата држава што ќе се презентираат на овој климатски самит.
Ве известуваме дека утре, вторник 29 Октомври 2024 година со почеток во 13.00 часот во Арена Борис Трајковски во Скопје, првиот Заменик претседател на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање г-дин Изет Меџити ќе учевствува и ќе имаме обраќање на свеченото отварање на Саемот Енерго-Технома 2024.
Скопје, 23.10.2024г. - На вчерашаната 27ма Седница, Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата наменети за чистење на контаминираната локација во ОХИС на сметката на Мулти-партнерскиот фонд за животна средина, во висина од 24.453.000 денари.
Во понеделник, на 14.10.2024, со почеток од 13 часот во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи настан на кој ќе се презентираат резултатите од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова им се обрати на младите учесници на Обуката за развој и финансирање на идеи на млади иноватори
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска учествуваше на седмото издание на Македонскиот енергетски форум 2024, (МЕФ)
Известување за прифаќање на Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина за планскиот документ Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)
Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект – Депонија за складирање на отпад од цементно азбестни плочи во кругот на РЕК Битола во општина Новаци, за потребите на инвеститорот “ВАТРОСТАЛНА“ ДОО од Скопје
Ги известуваме граѓаните на општина Кавадарци дека поради реконструкција на кружниот тек на раскрсницата помеѓу Западен Булевар и Булевар Моша Пијаде, инструментите од мониторинг системот се исклучени до завршувањето на градежните работи.
Домаќин на Светскиот ден на животната средина во 2024 година е Кралството Саудиска Арабија, со фокус на обновувањето на земјиштето, опустинувањето и отпорност на сушата. Реставрацијата на земјиштето е клучен столб на Декадата на ОН за обнова на екосистемот (2021-2030)