СЕА Известување
25.02.2025
Се известува заинтересираната јавност дека Управата за животна средина при МЖСПП, согласно донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина, отпочна процедура за стратегиска оцена на животната средина за нацрт Националната стратегија за управување со тиња (2024-2034) и подготви нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина
Меџити се сретна со директорот на секретаријатот на енергетската заедница Артур Лорковски
24.02.2025
На барање на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Г-н Лорковски одржа билатерална средба на која се дискутираше за повеќе прашања, како што се Законот за климатска акција, измените на законот за животна средина, директивата за еколошка одговорност, како и за националниот план за редукција на емисии
Каналот и детската градинка во Хасанбег стануваат реалност!
24.02.2025
Министерoт за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска заедно со претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за социјална работа, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, беше на посета во скопската населба Хасанбег (Ченто) каде најави наскоро започнување на два капитални проекти за оваа населба.
Меџити: 9 милиони денари за новата водоводна и канализациона мрежа на ул. неџат аголи во Серава
21.02.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска заедно со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнувањето на целосна реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на улицата Неџат Аголи, во општина Чаир.
Најава за медиуми
20.02.2025
Ве известуваме дека утре, петок, 21.02.2025, четврток, со почеток во 11.00 часот, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити ќе присуствува на започнувањето на реализација на водоводна мрежа во улица Неџат Аголи (поранешна ул.Ковачка) во општина Чаир.
Меџити: Го финализираме предлогот на законот за климатска акција
20.02.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес учествуваше и имаше обраќање на завршниот настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“, во организација на Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ.