Меџити: Русино ќе ја претвориме во современа регионална санитарна депонија за цел полог
20.12.2024
Гостивар, 20.12.2024 г. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, во придружба на градоначаникот на Гостивар Валбон Лимани денеска го посети претпријатието ‘Русино-Полог’ во Гостивар, каде се сретна со директорот на претпријатието, Сазан Хорвати а по средбата, тие заедно ја посетија депонијата Русино, која опслужува 9 општини од Полошкиот регион, со 184 населени места, односно 322 илјади жители.
Соопштение
19.12.2024
Ве информираме дека утре, (20.12. 2024), петок со почеток во 11:00 часот , првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити ќе го посети претпријатието Русино во Гостивар, каде ќе се сретне со менаџментот на претпријатието, и заедно ќе ја посетат депонијата Русино.
Меџити: решаваме витални проблеми на граѓаните
19.12.2024
Скопје, 19.12.2024 г. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска во придружба на градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садику, учествуваше на церемонијата на поставување камен-темелник на новиот мост во село Цветово, општина Студеничани.
Меџити: Секој ден придонесуваме за почист воздух
17.12.2024
Скопје, 17 декември 2024 г. Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити учествуваше во иницијативата за засадување садници во новиот Мега парк во општина Карпош, дел од акцијата за урбано зазеленување на Скопје, со донација од Европската Унија преку проектот „ЕУ за чист воздух“.
Соопштение
17.12.2024
Почитувани медиуми, ве известуваме дека првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити утре (18.12.2024) со почеток во 11:30 часот во салата Аркадија, хотел Лимак во Скопје, ќе учествува на една конференција за иницијативата: „Еден милион садници за пет години“.
Пресек на реализираните активности на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“ во 2024 година
17.12.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на завршниот состанокот на Управниот одбор на повеќегодишниот проект „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“, на кој се разгледуваа реализираните активности во текот на изминатата година и беше одбележано завршувањето на Проектот.